Црна хроника
Крвава пресметка во Скопје, Мирсан Криешторе мртов

Едно лице е убиено, а друго со рани и повреди од тепање, пуштено е на домашно лекување, откако биле нападнати од две лица на бул. „Партизански Одреди“ во Скоје, денеска околу 16.30 часот. Напаѓачите уапсени
Убиениот, Мирсан Криешторе (37) и неговиот другар, според првичните сознанија, биле нападнати од две лица на бул. Партизански одреди во Скопје во близина на Универзалната сала.
Двајцата биле истуркани во еден од влезовите на околните згради каде еден од напаѓаќите со пиштол пукал во нив. Криешторе починал по приемот во градската болница од рана во стомакот, а другиот е пуштен на домашно лекување.
Напаѓачите, Харун Хаџибулиќ и Јасмин Лесковица, биле веднаш фатени од полициската единица Алфа, по што се притворени. Истрагата се уште трае. Според снимките што ги покажаа телевизиите, се собираат чаурите и другите доказни материјали од местото на настанот.
Полицијата уште утврдува кој од двајцата пукал во Криешторе. За мотивите се уште нема докази, но се претпоставува дека имале некои нерасчистени сметки, бидејќи нападнатите и напаѓачите се познаници.
Родителите на Лесковица, кои дошле на местото на настанот, како што пренесе А1, реагираа на однесувањето на полицијата, која повеќе од еден час ги држеше Хаџибулиќ и Лесковица легнати на земјата, со лицето свртено надолу и со лисици на рацете.
Според лекарот во градската болница, погодениот Криешторе бил донесен во болницата во многу тешка состојба, со рана во стомакот, а по кратко време починал.
„Телото е предадено за обдукција на Судска медицина“, рече тој за медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.