Контакт

Црна хроника

Регистрирани два физички напади без повод во Тетово

Објавено пред

Два физички напади без повод се случили синоќа во Тетово, соопшти локалната полиција, која во меѓувреме, приведе група разбојници кои вршеле тешки кражби низ градот.

dobivaj vesti na viber

Потешкиот инцидент се случил околу 21.00 часот во Клинички Центар Тетово, каде што биле нападнати Б.З.(18) и Б.М.(18). Додека оделе во посета кај мајката на едниот од нив, двајцата тетовци биле пресретнати од четири лица кои без повод и причина физички ги нападнале.Удирајќи ги со тупаници, разни предмети, метални боксирачи, напаѓачите им нанеле видливи повреди на нападнатите, а со камења го оштетиле возилото на Б.З. и прозорско стакло од ходникот на ортопедското одделение.Втората тепачка се сличил на паркинг во Тетово на улицата „Ѓорче Петров“, каде што  С.Ј.(20) бил нападнат, откако претходно со неговите другари пишувал на паркирано возило.Истовремено СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(25), А.М.(22), Д.Ф.(23), С.С.(21), Е.С.(20), С.П.(17), М.С.(29) и Ж.С.(31), сите од Тетово за сторени девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. Во периодот од декември 2011 година до февруари 2012 година, на подрачјето на Тетово, пријавените со употреба на погоден предмет и при згодна прилика, од куќи, станови и канцеларии одзеле техничка стока, алат и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.296.000 денари (21.000 евра). /крај/мвр/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот

Објавено пред

Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.

Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Две жени затекнати како питаат во Тетово, едната со две мали деца – aкција на МВР и Центарот за социјални работи

Објавено пред

Во текот на 11 ноември, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Центарот за социјални работи, спровеле акција за сузбивање на питачењето на подрачјето на градот.

dobivaj vesti na viber

Акцијата се одвивала од 11 до 16 часот, а при контролите биле затекнати две жени кои питачеле на јавни места.

Околу 12:20 часот, на кружниот тек кај улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ била затекната Н.Ф. (42) од Тетово, додека нешто подоцна, околу 12:50 часот, на улицата „Илинденска“ полицијата ја затекнала М.Д. (19) од Кочани, која питачела заедно со своите две малолетни деца, на возраст од четири и една година.

Жените и децата биле преземени од Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Млада девојка од Прилеп тешко повредена во судир со товарно возило во Битола

Објавено пред

Попладнето на 11 ноември во Битола се случила сообраќајна несреќа кај спојот на улиците „4 Ноември“, „Влатко Миленковски“ и „Димитар Илиевски–Мурато“.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата учествувале товарно возило „Фолксваген“ со битолски таблички, управувано од 20-годишен возач од Битола, и електричен тротинет „Шаоми“, со кој управувала дваесетгодишна девојка од Прилеп.

Од ударот, младата возачка на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ е укажана лекарска помош.

Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на несреќата и се работи на утврдување на причините поради кои дошло до судирот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија3 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија4 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија6 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура7 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија7 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет7 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија7 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет8 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет9 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа9 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет10 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет10 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија10 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија23 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија1 ден

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...