Спорт
СП 2022 квалификации – сите европски фаворити (освен Германија) победија!
Освен нашата спектакуларна 2:1 победа над Германија на гости, во другите мечеви од последното пролетно коло во квалификациите за Мундијалот во Катар во 2022 година немаше изненадувања.
Шпанија со 3:1 го совлада Косово во меч одбележан со политички провокации од домаќините, Франција славеше на гости кај Босна и Херцеговина со 0:1 со голот на Антоан Гризман, додека Англија во дербито на групата Ф со 2:1 ја совладаа Полска.
Соседите? Грција одигра само 1:1 со Грузија, Бугарија на гости кај Северна Ирска одигра 0:0.
СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Грција – Грузија 1:1
Шпанија – Косово 3:1
Табела: 1.Шпанија 7, 2.Шведска 6, 3.Грција 2, 4.Грузија 1, 5.Косово 0
ГРУПА Ц
Литванија – Италија 0:2
Северна Ирска – Бугарија 0:0
Табела: 1.Италија 9, 2.Швајцарија 6, 3.С.Ирска 1, 4.Бугарија 1, 5.Литванија 0
ГРУПА Д
Босна и Херцеговина – Франција 0:1
Украина – Казахстан 1:1
Табела: 1.Франција 9, 2.Украина 3, 3.Финска 2, 4.БиХ 1, 5.Казахстан 1
ГРУПА Ф
Австрија – Данска 0:4
Шкотска – Фарски Острови 4:0
Молдавија – Израел 1:4
Табела: 1.Данска 9, 2.Шкотска 5, 3.Израел 4, 4.Австрија 4, 5.Фарски Острови 1, 6.Молдавија 1
ГРУПА И
Андора – Унгарија 1:4
Сан Марино – Албанија 0:2
Англија – Полска 2:1
Табела: 1.Англија 9, 2.Унгарија 7, 3.Албанија 6, 4.Полска 4, 5.Андора 0, 6.Сан Марино 0
АНГЛИЈА – ПОЛСКА
ШПАНИЈА – КОСОВО
БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА – ФРАНЦИЈА
ЛИТВАНИЈА – ИТАЛИЈА
АВСТРИЈА – ДАНСКА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

