Контакт

Црна хроника

Рамковски не се сеќава на ништо

Објавено пред

Речиси на сите прашања од судот и обвинителството, првообвинетиот од случајот „Пајажина“, Велија Рамковски не даде конкретен одговор

dobivaj vesti na viber

На прашања на судот за сопственичката структура, како и за односите меѓу фирмите, Велија Рамковски велеше „Не се сеќавам“ или „Сега не би се произнел, ќе образложам во доказната постапка. Тоа може да се докаже при увид во книговодството“.Освен за ова, судот се интересираше и за  оттуѓувањето возила од фирмите, дали биле давани позајмици од една на друга фирма, дали биле плаќани фактури кои биле и претходно платени, но и дали на вработени во фирмите им се исплатувале плати во готовина. Рамковски на ова прашање одговори негативно. Тврди дека на вработени не им се исплаќале пари во готовина. На прашање на судот дали некој од обвинетите станале управители на фирми на негов предлог, Рамковски рече дека  тоа биле негови познати луѓе, роднини на кои сакал да им помогне да заработат за живот. И на прашањата на обвинителката Гешковска, Рамковски не даде конкретен одговор. Првото прашање на обвинителката беше какво образование завршил Рамковски. Обвинителката се интересираше и кои од обвинетите му се роднини. Гешковска го прашуваше Рамковски и за тоа од кога се познаваат со директорот на А1 телевизија и какви овластувања имал тој.На секое од прашање на обвинителката адвокатите приговараа. Сметаа дека тие прашања се ирелевантни и дека обвинителката со ваквите прашања на кои во централниот регистер и законите веќе постои одговор, обвинителката само ги малтретира сите во салата и сака изнуди одговор.Откако Гешковска не доби конкретен одговор, се откажа од поставување на прашање, задржувајќи го своето право да поставува прашања во натамошната постапка, кога обвинетиот ќе започне да дава конкретни одговори на прашања од судот. Рамковски денеска даваше одбрана пред судскиот совет околу 40-тина минути. Во својот исказ тој ги отфрли како невистини обвиненијата кои го товарат за злосторничко здружување, перење пари, даночно затајување и злоупотреба на службената положба. По завршувањето на заседанието, адвокатот на Рамковски, Мирослав Вујиќ излезе со контрадикторен одговор. На новинарско прашање во врска со тоа врз основа на кои аргументи Рамковски тврдел дека е невин тој рече:„Кога слушнавте вие дека Велија рече дека е невин? Велија рече дека е недокажано и дека се се работело по законот. Тој не рече ниту дека е виновен, ниту дека е невин. Дали е Велија виновен или не, тоа треба да го докаже јавниот обвинител“.Во своја одбрана Велија Рамковски денеска тврдеше дека не е виновен за делата кои му се ставаат на товар и дека не постои никаква злосторничка група. Според него, тоа биле деловни и финансиски односи меѓу компаниите. Рамковски истакна дека како стопанственик во текот на целиот негов работен век од 40 години, никогаш и од никого не барал да не се почитуваат законите, ниту, пак, имал намера, да не и’ плати данок и другите давачки на државата. Најмногу го погодил делот од обвинението дека тој како родител ги организирал сопствените деца и својот брат во злосторничка група. Сопственикот на А1 телевизија тврди дека сите трансакциски сметки биле банкарски и законски и дека немало никакво перење пари. На почетокот од денешното рочиште, Рамковски побара да му се објаснат два термина од обвинителниот кат „фиктивна позајмица која нема економска оправданост“ и терминот „дневен промет во готовина врз основа на компензација“, коишто според него биле суштински за обвинувањата. Во завршницата на денешното излагање пред судот, Рамковски, исто така, побара да му се замени мерката притвор, нему и на другите обвинети, со мерката домашен притвор. Тој побара Судскиот совет да го земе предвид тоа што на најголем дел од сметките на фирмите кои се замрзнати има средства до сумата за која Кривичниот совет барал да бидат замрзнати. Што се однесува до А1 телевизија, според Рамковски, Судот имал на располагање околу милион евра. Тој смета дека ваквата гаранција е доволна да го замени притворот со домашен притвор. Рамковски, даде ветување дека нема да бега бидејќи, сакал да докаже дека е невин.Освен Рамковски, денеска исказ требаше да дадат и Амди Рамковски, братот на сопственикот на А1 телевизија, Невин Рауф и Зоран Мицевски. Но поради недостиг од време, исказ во судот денеска даде само првообвинетиот Рамковски. Додека еден од обвинетите дава исказ, во судницата нема да бидат присутни другите обвинети.По четири одложувања и многу приговори од страна на адвокатите, минатата седмица обвинителката Гордана Гешковска и нејзината заменичка неколку часови го читаа обвинителниот акт напишан на 79 страници за 23-цата обвинети во случајот „Пајажина“.Обвинителството го товари Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од останатите обвинети, негови роднини и блиски соработници. Според обвинението, Рамковски и соработниците преку меѓусебно плаќање невистинити фактури и фиктивни позајмици, вршеле перење пари и избегнувале плаќање данок. Се переле пари преку повеќекратно плаќање на исти веќе претходно платени фактури, и тоа на странски фирми кои според обвинителството биле раководени од злосторничко здружение.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Објавено пред

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Објавено пред

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.

dobivaj vesti na viber

Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Објавено пред

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.

dobivaj vesti na viber

„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа50 минути

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет56 минути

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 час

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион1 час

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет2 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на Томахавките, состанокот Трамп-Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија2 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет13 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија16 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија20 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија21 час

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија21 час

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија22 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија22 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија23 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија23 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 ден

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...