Црна хроника
Затвореник од Идризово телефонски измамил седум лица претставувајќи се како директор

Претставувајќи се како директор на различни фирми, затвореник од затворот „Идризово“ измамил седум лица и ги оштетил за 315 илјади денари.
Според информациите од полицијата, станува збор за 34-годишен скопјанец со иницијали Б.А..
„Во периодот од 2.7.2019 до 13.2.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор ‘Идризово’ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства“, велат од МВР.
Со ваквото дејствие, како што соопшти полицијата, причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.
Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.
Црна хроника
Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.
„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.