Црна хроника
Израелски параглајдерист загина во Крушевско
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп во саботата во раните поплaдневни часови започна увид на лице место по падот на параглајдерист кај Крушево.
Претходно во саботата ка месноста Тумба во атарот на селото Врбовец, крушевско, се случи несреќа во која животот го загуби еден 55-годишен државјанин на Израел, чиј идентите засега не се објавува.
Според досегашните сознанија лицет управувало параглајдер и како последица на пад од починало на самото место. Со Наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уште двајца пешаци удрени од автомобили во Богданци и Гостивар
Tри сообраќајани незгоди во кои тешко повредени се пешаци се случија во текот на вчерашниот ден во Македонија.
На улицата „Маршал Тито“ во Богданци, автомобил управуван од 21-годишниот А.П. од селото Ѓавато, гевгелиско, удрило во пешакот Т.И.(25) од Богданци, кој се здобил со тешки повреди.
Пешак е тешко повреден во текот на вчерашниот ден и во Гостивар. Несреќата се случила на улицата „Живко Брајкоски“ во градот кога „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.К.(27) од Гостивар, удрило во пешакот Е.С.(63) од овој град.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а за настанот бил известен јавен обвинител и извршен е увид.
Автомобил вчера удри во пешак на улицата „Партизански одреди“ во Скопје.
Топ
Четири автомобили се судрија на патот кон Крива Паланка, тројца од возачите се тешко повредени
Судир на четири автомобили се случи вчераа на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, пришто тројца возачи се здобија со тешки повреди, а четворица сопатници поминаа полесно.
Според информациите од МВР, во несреќата учествувале „Опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувана од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, „Форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „Волво” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т, додека пак сопатниците С.С., А.К., С.К. и А.К. се здобиле со телесни повреди.
Извршен е увид.
Црна хроника
Автомобил удри во пешак на „Партизанска“, жената е со повреди во болница
Вчера на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“ во Скопје, „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.Н. (40) од Кавадарци, удрил во пешакот И.М. (56) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје“, велт од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид.