Македонија
(Видео) Костовски: Смилевски троши 1,6 милион евра за привремени вработувања
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, изјави дека Општина Бутел за 2021 година ќе потроши 24.780.000 денари или над 400.000 евра само за партиски класични вработувања.
Според него, иако СДСМ има апсолутна власт на централно и локално ниво, со жалење може да се констатира, како што вели, дека општина Бутел е целосно заборавена општина.
„Општина Бутел е неприкосновен рекордер во државата, но, за жал, НЕ по бројот на реализирани проекти, туку по лажење и по бројот на привремени партиски вработувања од кои општинската администрација и граѓаните апсолутно немаат никаква реална потреба“, вели Костовски.
Додаде дека од ветените: нова поликлиника, нова полициска станица, нов противпожарен пункт, плоштад, градинки, училишта, гасификација, голем спортски комплекс, канализација во населените места Кучевишка Бара и Бел Камен, водовод во Љуботен и Љубанци, се само празно слово на хартија и за ниту еден од овие ветени проекти нема ниту почетна фаза на реализација, а тие, како што потсети, беа со рок до крајот на овој мандат.
„Велимир Смилевски или градоначалникот во заминување во својот мандат покажа како НЕ треба да се води една општина, нереализирањето ниту еден покрупен проект го позиционира како еден од најлошите градоначалници на ниво на држава“, истакна Костовски.
Според него, општината заслужува многу повеќе и мора да се ослободи од, како што наведува, канџите на неколкумина недомаќински настроени луѓе на чело со Смилевски, кој, според него, секојдневно ја уништува општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

