Спорт
Бизарниот свет на ММА: Го уништи противникот за 13 секунди, па избега од кафезот!

Шведскиот ММА фајтер, Антон Туркаљ, кој самиот себе се опишува како „најсекси ММА фајтер на светот“, имаше фантастична трета борба во кариерата во БФЦ (Brave Combat Federation), победувајќи го противникот за 13 секунди, по што „избега“ од кафезот.
24-годишниот Туркаљ по само 13 минути го прати на подот Казахстанецот Константин „Хулиган“ Солдатов, со првиот удар во борбата, по што зачудувачки веднаш ја напушти арената. Швеѓанецот во првиот меч во кариерата минатиот август победи по минута и 15 секунди, додека вториот меч му беше подолг – победи во втората рунда.
„Јас сум најголемото име во средно-тешката категорија, всушност во цело Брејв ЦФ. Треба да направат појас само за мене, бидејќи не само што сум најдобриот, туку сум и најзгодниот“, вели Туркаљ.
The record-breaking moment! The fastest KO in BRAVE CF history!
Take a bow, Anton Turkalj!#BRAVECF50 pic.twitter.com/5vfkmigTk4
— BRAVE Combat Federation (@bravemmaf) April 1, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![]()
Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.