Контакт

Манифестации

Театар и конзулска традиција на Бит фест

Објавено пред

Бит фест 2015 викендов помина во знакот на конзулската традиција, а одличната понуда на Локум фест, ја наполни и оживеа старата битолска чаршија, со публика, која има чувство за вистинските културни вредности кои Битола ја квалификуваат во најградски град.

dobivaj vesti na viber

Локум фест по деветти пат се одржа во рамките на БИТ ФЕСТ, што е потврда на поддршката на независни фестивалски концепти во рамките на големата фестивалска сцена.

На третиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“ на новата сцена во НТБ беше одиграна претставата „Хамлет“, која го зазема централното место во репертоарот на Лит Мун, театарската компанија од Санта Барбара, Калифорнија и која навистина ја воодушеви битолската театарска публика. Инаку, основан во 1991 година, Лит Мун театарот претставува колектив на театарски уметници кои творат во Санта Барбара, седиштето на овој театар. Тој е независен и претставува своевидна лабораторија во која се интегрираат естетските експерименти со мултикултурната интеракција и разбирање. Неговата мисија е да понуди театарско искуство кое ќе го продлабочи и прошири сфаќањето за светскиот театар и културните традиции, па ќе го промовира и инспирира меѓукултурното разбирање преку театарските изведби во живо. Лит Мун ја негува физичката изведба и онаа базирана на слики, па локално и глобално важи за пионер на еден уникатен театарски стил. Од 1992 г. Лит Мун има создадено 29 нови театарски проекти, продуцирано 12 интернационални театарски фестивали, добиено многу актерски награди, развиено многу соработки со уметници од 7 европски држави, како и настапувано во Полска, Бугарија, Чешка, Шкотска, Канада, Македонија, Црна Гора, Албанија и Кина.

Вечерва пак публиката ќе има можност да ја погледне претставата на Турскиот театар „Сон на летната ноќ“. „Прашањето што денеска значи љубовта, сонот, илузијата, идеологијата не засега сите, а сонот е составен токму од овие елементи. Сонот во некоја смисла е и радикален, бидејќи ние го напуштивме сонувањето, кое е дури и демоде. Денес соништата не можеме да ги најдеме на пазарот. Светот на фантазијата, митовите, потсвеста – за мене светот на убавината – е обвиткан со завеса, зад која ретко погледнуваме. Во оваа претстава не сакавме до крај да ги одвоиме стварноста и сонот; во целина претставата можеби е сон на еден стар човек, можеби на Пук, а можеби и на актерот кој го играл Пук. Јас оваа претстава ја гледам како една сфера, во која има уште една сфера и уште една… Сон во сонот сон… Овој сон продолжува се до крајот на монологот на Пук, кој го “позајмивме” од Просперо, бидејќи Просперо истовремено е и Пук, како што Сон на летната ноќ и Бура на места е истиот текст“, вели режисерот Александар Поповски./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената...

Македонија3 часа

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање....

Македонија5 часа

(Фото) Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да...

Свет6 часа

(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина

Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при...

Свет6 часа

Судот нареди враќање на депортираните Венецуелци од Ел Салвадор во САД

Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа...

Македонија7 часа

Намалена видливост на неколку патни правци

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до...

Свет7 часа

(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос

Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo,...

Европа7 часа

Зеленски: Мировните преговори се многу блиску до вистински резултат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со САД и европските земји со цел да се стави крај на речиси...

Економија22 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија22 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија23 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија1 ден

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија1 ден

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија1 ден

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа1 ден

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ1 ден

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет1 ден

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа1 ден

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет1 ден

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...