Македонија
(Видео) Заев: Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побргу прогресира
Најновиот вирусен бран со новиот сој на вирусот не се споредува со минатите бранови. Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побргу прогресира, изјави премиерот Зоран Заев.
Тој вели дека на заболените граѓани се случува многу побргу и неочекувано да им се влоши состојбата, дури и по првиот контакт.
„Во овој бран заболуваат и млади луѓе и последиците и кај нив може да бидат исклучително сериозни, дури и фатални. И важно е да се има предвид дека повозрасните граѓани, кои не се движат колку младите, сепак се доведуваат во ризик поради можноста да им биде донесен вирусот дома. Затоа, клучно е да се ограничи бројот на контакти што ги правиме со други луѓе“, рече премиерот.
Заев апелира до граѓаните да седат дома и да не се групираат.
Тој рече дека новите мерки се воведуваат во пресрет на празниците со цел да се овозможи празничните денови секој граѓанин и секое семејство да ги помине во мир и спокој, со саканите на број и на трпезата во домот.
„Ова е моментот кога треба да се исправиме најсериозно и најодговорно и да се заштитиме и себеси и нашите најблиски. Повикувам на максимална одговорност од сите. Сите заедно да се спротивставиме на ширењето на опасниот вирус. Сите заедно овие две недели да се исправиме и да го возвратиме ударот врз тековниот ковид-бран“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

