Спорт
Ѓоковиќ ни ги честита 7530 година и почетокот на летото!

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, е познат по својата љубов кон некои необични светогледи, од друштвото со гуруто Пепе Имаз до исхраната без глутен, преку тврдењата дека водата може чудесно да се прочистува, така што не чуди што тој ја честита среќна Нова 7530 година.
На „Инстаграм“ светскиот рекет број 1 порача:
„Среќна нека вие новата 7530 година. Денеска почнува летото. Нашиот календар го следи биолошкиот ритам на Земјата. Годината се делела на два дела, лето од Ѓурѓевден до Митровден, период на раст на вегетацијата и животот на овие простори. Годината имаше 13 месеци по 28 дена, а секој месец имаше по четири недели, секоја недела имаше по седум дена, како што се движат Месечевите мени. На споменикот на царот Лазар, деспортот Стефан Лазаревиќ, стои дека Косовската битка се одвивала во 6897 година. Календарот се сметал од денот кога светот го направиле боговите: Перун, Сварог, Стрибог, Црнобог, Триглав, Дајбог, Јаровид, Световид, Морана, Весна и Мокоша“, напиша Ѓоковиќ.
Ете така!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
За Ендрик нема место во Реал

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица.
Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката.
Тимот предводен од Роберто де Зерби има бод помалку од првопласираниот Пари Сен Жермен и се чини дека би можеле да се борат оваа сезона за титулата.
Со оглед на тоа што Африканскиот куп на нации доаѓа во зима, Марсеј ќе биде без Обамејанг и Гири со што ќе се отвори дупка во нападот и потенцијален проблем во трката за трофејот.
Ендрик би можел да биде решението. Засега, Бразилецот не сака да брза со одлуката, но очигледно е дека ќе мора да замине од Мадрид доколку сака да игра и да се избори за место во репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство следното лето.
Спорт
„Модриќ, Џеко, Варди. Кој ќе плати за да гледа гробишта за слонови?“

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиѓа предизвика бурни реакции откако објави нова епизода од подкастот „Центрокампо“, каде што даде низа остри коментари против одредени фудбалски ветерани, вклучувајќи го и Лука Модриќ.
Неговите изјави, кои ги пренесоа „Milannews.it“ и бројни корисници на социјалните мрежи, предизвикаа бран полемики во Италија.
Во клип кој брзо стана вирален, Барџиѓа ја спореди италијанската Серија А со „гробишта на слонови“, алудирајќи на фактот дека клубовите сè повеќе им даваат шанса на играчите во доцните фудбалски години, наместо на помладите таленти.
Како примери ги наведе Лука Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди.
„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Тие се готови како играчи! Кој ќе плати за да гледа гробиштата на слонови? Го носите Ричи за 25 милиони, а играте со некој што има 40 години!“, рече Барџиѓа, предизвикувајќи лавина реакции од јавноста.
Сепак, формата на хрватскиот ас ги негира сите негови тврдења. Лука Модриќ, кој ова лето пристигна во Милано како слободен агент од Реал Мадрид, продолжува да докажува дека возраста не е пречка за него. Од почетокот на сезоната, тој ги одигра сите шест натпревари од Серија А во почетниот состав и e еден од клучните играчи во тимот на Масимилијано Алегри.
„Росонерите“ моментално се на третото место на табелата, а примија само три гола.
Покрај тоа, „Ла Газета дело Спорт“ наведува дека Модриќ е на самиот врв во лигата по бројот на прецизни додавања и точноста на додавањата, поради што раководството на Милан веќе планира да му понуди продолжување на договорот.
Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.