Спорт
Јувентус ги прекинале преговорите со Дибала

„На конец виси“ иднината на Паоло Добала во Јувентус, откако клубот се повлекол од преговорите за новиот договор. Дибала има договор со Јувентус до јуни 2022 година. Според овој договор тој годишно заработува 7,5 милиони евра.
„Калчомеркато“, пишува дека Јувентус од две прични се повлекле од преговорите. Дибала барал поголема плата од онаа што ми ја понудил клубот (10 милиони евра), а лениците не биле задоволни што Аргентинецот пред неколку дена бил на забавата која ја организирал соиграчот Венстон Мекени и на која биле прекршени сите корона-протоколи.
Според овој извор, можно е продолжување на соработката, само доколку Дибала ги прифати условите што му ги поставил клубот. Дибала барал плата од 15 милиони евра.
Доколку ова не се случи, Јувентус ќе го продаде во летниот преоден рок, за да не дозволи во 2022 година фудбалерот да замине без обесштетување.
Дибала е играч на Јувентус од 2015 година, во овие седум години одиграл 243 натпревари, постигнал 98 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хојлунд се враќа во Серија А

Расмус Хојлунд не успеа да се наметне како главен ирач во нападот на Манчестер јунајтед. Во две сезони постигна само 26 голови.
Според извештаите во Италија, поранешниот напаѓач на Аталанта, наскоро би можел да биде достапен за позајмица во Јувентус или Милан, сега кога Брајан Мбеумо го финализира својот трансфер од Брентфорд во Манчестер јунајтед.
Хојлунд ја напушти Аталанта за да му се приклучи на Манчестер јунајтед во трансфер вреден повеќе од 80 милиони евра во летото 2023 година.
Неколку клубови од Серија А беа поврзани со потенцијалното потпишување на данскиот интернационалец ова лето.
Доколку Манчестер јунајтед одлучи да го пушти Хојлунд на позајмица, Јувентус и Милан ќе бидат главните кандидати да го доведат, особено сега кога доаѓањето на Брајан Мбеумо обезбеди дополнителна ширина во нападот на Манчестер јунајтед.
EFE-EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Мората во Комо

Откако го помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Галатасарај, Алваро Мората, кого Милан го потпиша со четиригодишен договор минатиот јули, ќе ја продолжи кариерата во Комо.
Галатасарај имаше опција да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра, но не ја активираше откупната клаузула.
Шпанскиот репрезентативец, поранешен играч на Реал, Атлетико, Челзи, Јувентус и Милан, со тоа се враќа во Италија, но во дресот на нов клуб, потврди Фабрицио Романо.
Тој ќе ги засили напаѓачките опции на тимот на Сеск Фабрегас.
Foto/ EPA
Спорт
Чалханоглу пред трансфер во Фенербахче

Хакан Чалханоглу ќе го напушти Интер. Искусниот играч за врска доби понуда од Галатасарај пред околу десет дена и многумина тврдеа дека работата е завршена, но се случи голем пресврт. Според локалните медиуми, и Фенербахче се вклучил во трката за турскиот интернационалец.
Жозе Мурињо реагираше веднаш по неуспешните преговори и побара од челниците на клубот да го доведат Чалханоглу, а тие веднаш стапија во контакт и се подготвени да ги исполнат барањата на Интер.
Се очекува искусниот играч за врска денес да отпатува за Истанбул, каде што ќе потпише двегодишен договор со минатогодишниот вицешампион во Турција откако ќе ги помине медицинските прегледи.
Чалханоглу одигра 49 натпревари за Интер минатата сезона, постигнувајќи 11 гола и запишувајќи осум асистенции. Тој беше еден од најважните играчи за патот на „нераѕурите“ до финалето на Лигата на шампионите.
Foto/ EPA