Македонија
Спасовски: 215 лажни пасоши завршиле кај членови на криминални групи, приведени 9 лица
Девет лица се приведени под сомневање дека изработувале пасоши за криминалци што биле барани и со меѓународни потерници. Едното лице не е пронајдено во сопствениот дом и по него ќе се трага. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека е уапсен посредник при издавање на патните исправи, припадници на МВР што работат во управните служби, контролори. Тој вели дека истрагата се спроведувала од февруари 2019 година, а некои од пасошите завршиле и кај припадници на меѓународни криминални групи.
„Службените лица делото го извршиле на начин спротивен на одредбите за издавање патни исправи, со што овозможиле 215 лица, од кои 214 странски и еден македонски државјанин, да стекнат патна исправа под туѓ идентитет. Поддршка било и лице посредник помеѓу барателите на патни исправи со лажен идентитет и службените лица. Беше утврдено дека станува збор за лица што се дел од меѓународни криминални групи, наркокартели, лица инволвирани во кривични дела, односно лица со висок ризик за кои има и меѓународна потерница. До ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица, од кои 9 се приведени, а утре ќе им бидат предадени на Обвинителството и на судот“, рече Спасовски.
Во однос на брифингот што вчера го организира ВМРО-ДПМНЕ, а за кој објавиле некои од медиумите, и беше за давање лажни идентитети, Спасовски вели дека е обид за саботажа на истрагата.
„Сакам да упатам порака дека со опструкции и саботажи ќе нѐ спречат во пресметката со криминалните структури, бадијала се трудат. Нема да нѐ поколебате. При реализација на оваа акција се соочивме со саботажа, која, за среќа, не успеа. Директно од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа пласирани информации за истрагата, со што можеше да се загрози сѐ она што се сработи од полициските службеници, меѓународните партнери и од Интерпол. Откако овие обиди беа пресретнати, се продолжува со лажни вести дека оваа акција била почната кога министер бил Наќе Чулев, а потоа МВР не презело ништо. Ова не е вистина. Оваа акција е почната 20 февруари 2019 година кога првпат е доставен допис до Обвинителството. Одговорност за ова мора да има“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

