Спорт
Мбапе не е ѕвезда на иднината, туку на сегашноста – затоа доби аплауз и од Ноер!

Килијан Мбапе постигна два гола против Баерн Минхен, во слатката одмазда со 3:2 победа на гости за да докаже дека веќе не е како што сите го сметаат, ѕвезда на иднината, туку на сегашноста. Ова на свој начин го призна и ветеранот на голот на Баварците, Мануел Ноер, кој можеше само да му аплаудира по неговиот втор гол.
На 22 години, Французинот веќе има одиграно 43 меча во Лигата на шампионите, во кои има неверојатни 27 гола и 15 асистенции. Од овие мечеви, во нокаут фазата, кога притисокот е најголем, тој има 18 меча, 13 гола и 4 асистенции. Покрај тоа, вечерва тој стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал 5 гола на гости во осминафиналето и полуфиналето.
Аплаузот на Ноер е сосема на место.
Mbappé qui fait danser la salsa à Boateng ! ? #BAYPSG pic.twitter.com/2kn6Cr1LiC
— M|Miotto (@Maxmiotto_) April 7, 2021
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Премиерлигашите потрошија рекордна сума пари за засилувања во летниот преоден рок

Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската Премиер лига ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави Би-би-си.
Вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клуба ги срушија сопствените рекорди, вклучувајќи ги:
Брентфорд, кој плати до 42,5 милиони фунти за Данга Уатара од Борнмут, додека Борнмут плати 34,6 милиони фунти за Бафоде Диаките.
Новопромовираните Барнли и Сандерленд, кои платија 25 милиони фунти за Лесли Угочукву и 26 милиони фунти за Хабиб Џара (до 30 милиони фунти со бонуси).
Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд двапати, за Дан Ндоје од Болоња и Омари Хичисон од Ипсвич (37,5 милиони фунти).
Ливерпул плати 100 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во јуни, со можни 16 милиони фунти во бонуси, што ќе стане британски трансфер рекорд, соборувајќи го претходниот рекорд на Челзи од 107 милиони фунти за Енцо Фернандез во 2023 година.
Десет дена до затворањето на преодниот рок, се очекува рекордната потрошувачка на Премиер лигата да биде уште поголема.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
(Видео) Како правилно се изговараат презимињата на фудбалерите на Манчестер јунајтед

Правилното изговарање на имињата на фудбалерите често е проблем за коментаторите на натпреварите, но и за сите фанови на оваа игра.
Со оглед на тоа дека во секој јазик постојат правила, но и исклучоци при изговарање на букви, слогови и зборови, најточниот изговор на имињата можат да го дадат самите фудбалери.
Полека станува пракса клубовите да поставуваат видеа во кои самите играчи ги изговараат своите имиња за пошироката јавност да знае како да ги изговара.
Еден од клубовите што одлучи да го направи тој потег е Манчестер јунајтед. Интересно е да се слушне како се изговараат поединечните имиња и презимиња на фудбалерите на „црвените ѓаволи“.
Така во краткото видео, може да се слушне дека презимето на новото засилување од Брентфорд не се изговара „Ембумо“, туку „Мбумо“.
Во приложеното видео, можете да слушнете и дека Матијс де Лихт се изговара „Матхајс де Лихт“.
Спорт
Ветеранот Матиќ го засили Сасуоло

Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Сасуоло.
Според добро информираниот инсајдер, новинарот Фабрицио Романо, српскиот играч за врска потпишал едногодишен договор со Сасуоло, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година.
Матиќ има 37 години, а во текот на кариерата играл за Колубара, Кошице, Челзи, Витезе, Бенфика, Манчестер Јунајтед, Рома, Рен и Олимпик Лион.
Неодамна, спогодбено се раздели со Олимпик Лион и како слободен играч се пресели во Сасуоло.