Спорт
Дербито за Финикс Санс, Хјустон го изненади Далас, Денвер се во победничка серија
Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Дуелот првиот и вториот тим во лигата, Јута и Финикс им припадна на Санси. Јута остана лидери со скор 38/13, Финикс се зад нов со 36/14.
Финикс по едно продолжение забележаа победа над Јута 117:113. Мечот во дополнителното време го однесе Донован Мичел, кој постигна тројка во последната секунда. На крајот Финикс сепак ја однесоа победата благодарение на Девин Букер (35 поени) и Крис Пол (29 поени).
На спротивната страна блескаше Мичел со 41 поен, Бојан Богдановиќ постигна 20 поени, а Руди Гобер забележа 16 поени и 18 скокови.
Хјустон, во дербито на Тексас, го изненадија Далас со победата 102:93. Џон Вол со 31 поен ги предводеше Хјустон, на спротивната страна Лука Дончиќ забележа 23 поени, погоди само една тројка од девет обиди.
Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл. Бекот на Вашингтон со 23 поени, 14 скока и 15 асистенции, го предводеше својот тим до победата над Орламдо 131:116.
Денвер Нагетс, со Никола Јокиќ се наоѓаат во серија од седум победи. Последната ја забележаа над Сан Антонио 106:96. Јокиќ беше на скок до трипл-дабл, мечот го заврши со 25 поени, девет скока и 10 асистенции.
Резултати:
Индијана-Минесота 141:137
Орландо-Вашингтон 116:131
Бостон-Њујорк 101:99
Бруклин-Њу Орлеанс 139:111
Атланта-Мемфис 113:131
Оклахома-Шарлот 102:113
Денвер-Сан Антонио 106:96
Финикс-Јута 117:113
Хјустон-Далас 102:93
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

