Македонија
Меѓународен ден на Ромите
Денеска се одбележеува Меѓународниот ден на Ромите – ден на славење на ромската култура и традиција како нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно, мултијазично и мултирелигиско општество.
Но, во исто време на овој ден се истакнува и одбележува континуираната борба против дискриминацијата, сегрегацијата и маргинализацијата со кои Ромите се соочуваат секојдневно во речиси сите оштествени сфери. Дополнително, ваквата ранливост на Ромите е зголемена во време на пандемијата, предизвикана од Ковид-19, бидејќи голем дел од ромската етничка заедница се соочува со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита.
„Во ситуација кога дури 85,6 отсто од Ромките не го посетиле својот матичен гинеколог, само 3 проценти од граѓаните вклучени во активните мерки за вработување се Роми и додека припадниците на ромската етничка заедница сè уште се најчесто жртви на расизам, дискриминација и сегрегација, не можеме да зборуваме за значаен напредок во превенција и заштита од дискриминација врз Ромите на системско ниво“, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Комисијата како национално тело за еднаквост тврди дека посветено ќе работи на елиминирање на сегрегацијата на децата Роми во образованието, отстранување на системската дискриминација во пристап до здравствени услуги и на превенција и заштита од дискриминација во пристапот до добра и услуги на Ромите.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги повикува и охрабрува сите граѓани од ромската етничка заедница кои сметаат дека биле дискриминирани да ги пријават случаите на дискриминацијата во Комисијата и да добијат соодветна правна заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

