Црна хроника
Филмски грабеж на аеродром во Брисел, украдени дијаманти, злато и накит
Грабеж како оние во акционите филмови се случи во понеделник вечер на писта на аеродромот во Брисел, во кој крадците за само три минути, без истрелан куршум, украле авионска пратка полна со дијаманти, злато и накит.
Грабежот се случил меѓу 19:47 и 20 часот на аеродромот Завантем во Брисел, јавува Газет ван Антверпен.
Крадците во два автомобила се пробиле на пистата до авионот на компанијата „Свис“ и со закана на огнено оружје украле пратка дијаманти, злато и накит на компанијата „Brink’s Diamond & Jewelry“.
Спектакуларниот грабеж траел три минути и тоа без истрелан куршум и без повредени. Вредноста на украдената стока е огромна.
Полицијата по грабежот во близина на аеродромот пронашла едно од возилата на крадците, кое било запалено. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

