Спорт
Спектактакуларно Ел класико – Реал ја победи Барселона
Реал Мадрид го доби спектакуларното Ел калсико, кое вечерва се одигра на „Алфредо ди Стефано“ стадионот во Мадрид. Триумфот од 2.1 на Реал му го донесоа Бензема и Крос, додека стрелец за Барселона беше Мингеса. Реал победи во двете меѓусебни средби со Барселона оваа сезона. Инаку, ова е трета победа во низа за „кралскиот клуб“ во Ел класико. Барселона нема победа над најголемиот ривал од 2019 година.
Реал, ја растури Барселона во првото полувреме, што на крајот се покажа како доволно за победа. По исклучително лошото време, во текот на целиот натпревар паѓаше силен дожд, текот на натпреварот го одреди магичниот потег на Карим бензема, кој во 13.минута го совлада Тер Штеген.
Браса, го контролираше поседот, но немаше одговор за брзата транзиција на противникот. 15.минути по голот на Бензема, Тер Штеген уште еднаш капитулираше.
Крос изведе слободен удар, топката на патот до голот удри во лошо поставениот Дест, потоа и во Алба и заврши во голот.
Неколку минути подоцна, Реал пропушти две шанси во неколку секунди, најпрвин ударот на Валверде заврши во дирекот, а потоа ударот на Васкез го одбрани Тер Штеген.
Единствената шанса за гол Барселона ја имаше во финишот на првиот дел, кога Меси директно од корнер ја погоди стативата.
Барселона во вториот дел тргна во тотална офанзива. Жестоко притиснаа кон голот на Куротоа, со сите играчи. Просторот што Барса го оставаше Реал во втриот дел не успеа да го искористи, иако домашните фудбалери имаа неколку добри шанси.
По еден час игра, Барселона намали на 2:1. Стрелецот Мингеса ја искористи лошата комуникација во одбраната на Реал и го совлада Куртоа.
Во 85.минута се случи моментот кој ќе предизвика полемики во шпанската јавност. Невнимателниот старт на Менди врз Брејтвајт, судијата Манзано не го окарактеризира како прекршок, не побара ниту помош пд ВАР-асистентот.
Во последната минута реал остана со играч помалку. Касемиро во 30 секунди доби два жолти картони.
Последната шанса за да го избегне поразот Барселона ја имаше во 94.минута, кога по ударот на Мориба, гредата ги спаси Куртоа и Реал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

