Црна хроника
Почнува експертизата за Илинден
Експертската комисија денеска треба да го почне вештачењето на потонатиот брод „Илинден”, со што ќе се комплетира истрагата за несреќата во која животот го загубија15 бугарски државјани.
Истражниот судија од Основниот суд во Охрид, Весна Кичеец наведе дека по комплетирањето со вештачењето предметот ќе го достави до Основното јавно обвинителство во Охрид.Истражните органи укажаа на потребата никој да не ја злоупотреби истрагата за политички цели.Паралелно со почетокот на експертизата за бродската несреќа што се случи на 5 септември на Охридското езеро, за денеска во Охрид во црквата „Св. Софија” е најавена панихида по повод 40 дена од смртта на 15-те бугарски туристи.Според најавите од Здружението на граѓани „5 Септември“, на панахидата ќе присуствуваат членови на семејствата на погинатите бугарски туристи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

