Свет
Кина одржа воени вежби кај Тајван, неколку часа пред пристигнувањето на американската делегација

Кина одржа воени вежби во близина на Тајван неколку часа пред американските власти да пристигнат во Тајпеј за да ја изразат поддршката на претседателот Џо Бајден за островот и неговата демократија.
Тајван постојано се жали на кинеската воена активност во близина на нејзината територија, вклучително и влез на кинески борбени авиони и бомбардери во неговиот воздушен простор или приближување кинески носач на авиони.
Дваесет и пет кинески авиони во понеделникот влегоа во воздушниот простор на Тајван, најмногу досега, пренесува „Ројтерс“.
Кинеската канцеларија на Тајван соопшти дека владата на островот и сепаратистите се здружиле со надворешни сили за да предизвикаат и да го нарушат мирот и безбедноста.
„Кинеската народноослободителна армија (ПЛА) организира тековни борбени вежби во преминот Тајван како неопходна акција во сегашната безбедносна состојба и за зачувување на националниот суверенитет“, рече портпаролот Ма Ксијаогуанг.
„Тоа е само одговор на мешањето на надворешните сили и тајванските провокации“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина: Се надеваме на договор за Украина што е прифатлив за сите страни

Кина денес изјави дека се надева на договор за Украина „прифатлив за сите страни“, пред состанокот во Белата куќа меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери.
Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега би можел речиси веднаш да ја заврши војната со Русија, исклучувајќи ја можноста Киев да ја врати контролата врз полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и да се приклучи кон НАТО. Украинскиот претседател прво ќе одржи приватни разговори со Трамп, почнувајќи во 19 часот по средноевропско време, а потоа ќе им се придружат и европските лидери.
„Се надеваме дека сите засегнати страни ќе учествуваат во мировните преговори навремено и што е можно поскоро ќе постигнат праведен, траен, обврзувачки и сеприфатлив мировен договор“, изјави Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција.
Заедно со Зеленски, во Белата куќа се очекуваат и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Самитот одржан пред три дена во Алјаска меѓу американскиот претседател и неговиот руски колега Владимир Путин не доведе до прекин на огнот.
Кога беше прашана за средбата меѓу Трамп и Путин, портпаролката Мао Нинг денес потврди дека Кина ги поддржува сите напори насочени кон мирно решавање на кризата. „Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакт, ги подобруваат своите односи и промовираат политичко решение за украинската криза“, нагласи таа.
Свет
Украина: Погодивме нафтовод во Русија

Украинската војска потврди дека погодила нафтовод во рускиот регион Тамбов, со што се прекина снабдувањето од нафтоводот Дружба.
Претходно денес, унгарското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз тој нафтовод и изјави дека протокот на руска нафта кон Унгарија е запрен поради тоа.
„Украина повторно го нападна нафтоводот што води до Унгарија, прекинувајќи го снабдувањето“, напиша унгарскиот министер за надворешни работи на платформата „Икс“.
„Овој последен напад врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив!“
Украинскиот шеф на дипломатијата Андриј Сибиха одговори на таа објава, велејќи дека „Русија, а не Украина, ја започна оваа војна и одбива да ја заврши“.
Сибиха додаде дека Унгарија со години е предупредувана дека Москва не е сигурен партнер.
Свет
Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека денес е „голем ден во Белата куќа“.
„Америка никогаш немала толку многу европски лидери тука истовремено“, напиша тој на својот профил на „Тру соушал“.
„Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“
Во исто време, според извештајот на агенцијата Укринформ, Володимир Зеленски се среќава со американскиот претставник Кит Келог во Вашингтон пред неговите разговори со Трамп.