Македонија
(Видео) Костовски: Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, на прес-конференција обвини дека премиерот Зоран Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел, како што вели, да купи 7 болнички возила.
„Овие 350 илјади евра да се потрошеа на болнички возила можеби ќе можеше едно од нив да го спаси животот на овчарот од Кратовско, кој почина во болница, откога претходно 5 часа доктор на раце го носеше за да го спаси затоа што немаше болничко возило што можеше да го земе.
Овие 350 илјади евра, наместо за хонорарци на Заев, можеа да се потрошат за вработување медицински персонал, па можеби ќе имаше кој да ѝ даде кислород на жената што почина во штипската болница“, истакна Костовски.
Според него, со тие пари можеле да се набават десетина илјади вакцини, но наместо за тоа, се потрошиле за исплати кон синот на Самка Ибраимоски, претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, независниот колумнист Петрит Сарачини и други апологети на Заев.
„Со 350 илјади евра власта можеше да набави десетина илјади теста на Ковид-19, таблети и разни терапии, но наместо за лечење и спасување човечки животи, 350 илјади евра во ек на пандемија беа потрошени за згрижување коалициски партнери, функционери од партијата, нивни роднини и таканаречените независни колумнисти“, рече тој.
Исто така, нагласи дека со тие 350 илјади евра можело да се спасат стотици животи, но Заев избрал да ги дава за хонорарци, негови партиски активисти, коалициски партнери и дежурни фалбаџии во медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.