Црна хроника
Тројца осуденици лишени од слобода

Скопската полиција во изминатите денови лиши од слобода три лица кои се барале за издржување на затворски казни за различни дела.
Како што е соопштено во неделата, трите лица биле уапсени во одделни акции во четвртокот, по што биле спроведени во затвор.Станува збор за Анастас М.(56), осуден на затворска казна од три месеци, за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот”, Мирослав М.(61), осуден на казна затвор во траење од една година и три месеци, за сторени кривични дела “злосторничко здружување” и “злоупотреба на службената положба и овластување, како и Насер И.(42), кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “тешка кражба”. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.