Црна хроника
Грк истепал полицаец на граничниот премин „Богородица“
Грчки државјанин во саботата попладне нападнал и повредил македонски полицаец на граничниот премин „Богородица“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи
Дваесет ичетиригодишниот Грк со уште двајца сопатници во автомобилот „мицубиши“ сакал да влезе во Македонија без зелен картон. Полицискиот службеник не му дозволил влез во земјава и му објаснил дека единствено може да влезат во Македонија ако набават гранично осигурување или како пешаци.Гркот револтиран, го паркирал возилото во близина на кабините каде што се врши гранична контрола. Полицаецот му рекол да го препаркира автомобилот односно да се врати во Грција. Гркот почнал да се расправа со полицаецот, физички го нападнал и почна да го удира со двете раце во пределот на градниот кош. Притоа полицаецот паднал на задниот дел од телото – грбот и главата ги удрил во ивицата од кабината која била од мермер и паднал во бессознание. Полицаецот бил пренесен во медицинскиот центар во Гевгелија, а грчкиот државјанин бил приведен.Во саботата бил нападнат и уште еден полицаец, овој пат во Куманово. Пијан кумановец натепал полицаец во неговата семејна куќа во селото Тромеѓа.Пред нападот кумановецот со двајца другари почнале да се расправаат со обезбедувањето на кафе барот „Тунел“ бидејќи не им дозволиле да влезат внатре. Момчињата биле приведени во полиција, но за кратко време биле пуштени дома.За да му се одмазди на еден од полицајците кои го привеле, кумановецот отишол во неговата куќа и почнал да тропа на влезната врата и да се заканува на домашните дека ќе ги убие.Братот на полицаецот го пријавил случајот, но при интервенцијата полицаецот бил нападнат со тупаници по главата и телото. Против кумановецот ќе следува пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти
Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Претрес во Кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.