Црна хроника
Еден ранет во пукање во Штипско
Едно лице е рането во пукање што се случило вчера околу 16 часот кај местото Долни Чурлин, Штипско, соопштуваат од СВР Штип
До пукањето дошло, кога двеесетгодишниот С.Н. заедно со својот брат и братучед вчера почнале расправија со сопственик на викендица, седумдесетгодишниот.Овие лица се познавале од претходно, минатата година тројцата штипјани краделе во неговата викендица. Вчера повторно дошле до викендицата, но кучињата ги издале кога почнале да лаат по нив. Тие почнале да фрлаат камења по кучињата, но сопственикот на викендицата тврдел дека со камењата фрлале по него. Зел пушка и испукал пет- шест куршуми кон нив.Во пукањето повреден е дваесетгодишниот С.Н. во близина на белодробното крило. Откако му била извршена операција во штипската болница, се наоѓа надвор од животна опасност. Инаку, тројцата и се од претходно познати на полицијата, како ограбувачи на викендици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Внук ја пронашол починатата баба во Кисела Вода, и’ се слошило и паднала
Жена на 77-годишна возраст била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, соопшти МВР.
Случајот на 24 октомври околу 12:50 часот во СВР Скопје го пријавил нејзиниот внук, И.С.Т., кој ја пронашол својата баба Д.С. во куќата. Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди причината за смртта.
Црна хроника
Млад скопјанец пријавен за обљуба врз малолетничка, делото го извршувал во повеќе наврати
Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Скопје поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка.
Како што информира МВР, делото било извршено во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември 2024 година во Скопје.
Црна хроника
Работник нашол човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ додека копал со багер
Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба.
Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта.
По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Фото: илустрација

