Црна хроника
Косовец со „ауди“ не застанал на Блаце и бегајќи удрил во полициско возило
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против еден косовски државјанин за кривично дело – загрозување на безбедноста на сообраќајот. Тој на граничниот премин Блаце не застанал на даден знак од полицаец и продолжил да вози, при што удрил во полициско возило и повредил полициски лужбеници.
„Обвинетиот на 2 април управувал патничко моторно возило ‘ауди А4’, со косовски регистарски ознаки, кај граничниот премин Блаце, во насока од Косово кон Македонија. Кога пристигнал до полициската станица на граничниот премин, не застанал на даден знак од полицискиот службеник за да го престрои возилото за пасошка контрола, не застанал ниту кај кабината на Царинската управа и продолжил да вози. Полицискиот службеник излегол од станицата и издал усна наредба за запирање на возилото по што двајца полициски службеници со службено возило се упатиле да го запрат. Го престигнале на 4 километри од граничниот премин, му дале светлосна и звучна сигнализација да застане, но обвинетиот продолжил со голема брзина да вози по магистралниот пат кон Скопје. Полициските службеници го заобиколиле возилото за да го принудат да запре, но во тој момент обвинетиот, во обид да побегне, директно удрил во полицискиот автомобил. Од ударот двајцата полициски службеници добиле телесни повреди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

