Македонија
Димитров: Мора да ја добиеме заслужената валидација од ЕУ преку одобрување на преговарачката рамка
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, работната посета на Република Австрија ја почна со средба со федералната министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.
Соговорниците ја потенцираа потребата од ефектуирање на минатогодишната безусловна одлука на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапните преговори. Димитров се заблагодари за активното залагање на Австрија за приоретизирање на прашањето за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ и се осврна на континуираните резултати во клучните реформски области заедно со посветеноста на земјата за надминување на наметнатите предизвици во контекст на преговарачката рамка.
„Северна Македонија мора неодложно да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција. Потребни се одлучни чекори за да се врати силата на европската визија во регионот. Придвижувањето на евроинтегративниот процес ќе значи зголемена доверба, влијание и предвидливост на европската перспектива во согласност со австриската позиција дека нема друга алтернатива за процесот на проширување со Западен Балкан, а ќе внесе позитивна динамика и нова енергија неопходна за унапредување на имиџот на ЕУ како стратешки актер“, рече Димитров.
На средбата, како што информираат од неговиот кабиент, била потврдена континуираната принципиелна поддршка од австриска страна, но и личната заложба на министерката Едштадлер за почнување на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата и биле разменети мислења во однос на натамошните чекори за реализирање на европската перспектива на земјата и техничката помош од Австрија во таа насока.
За таа цел, беше потврдено прифаќањето на поканата за возвратна посета на министерката Едштадлер, што треба да биде реализирана на почетокот на мај годинава. Воедно, беше разговарано и за стратегијата за вакцинација и беа разгледани можностите за зголемување на помошта во справување со пандемијата на Ковид-19, потенцираа од кабинетот на Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

