Спорт
Жестока казна за Савиќ за ударот врз Ридигер
Црногорскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Савиќ заработи суспензија од 4 натпревари од УЕФА поради црвениот картон што го доби на мечот против Челси (осминафинале во ЛШ), откако со лакт го удри противничкиот дефанзивец, Антонио Ридигер.
Причина за толку високата казна на стоперот на Атлетико Мадрид се и навредите упатени кон италијанскиот судија, стои во соопштението од европската куќа на фудбалот.
„Сините“ ги елиминираа „јорганџиите“ во двомечот, а Савиќ ќе пропушти 4 меча за својот тим во европските натптреварувања, кога ќе дојде време за тоа.
Казнет е и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне поради доцнење на неговата екипа при излегувањето на теренот, а поради недолично однесување има пријава за уште петмина првотимци на мадридскиот клуб.
Вкупната казна што Дисциплинската комисија на УЕФА му ја изрече на Атлетико Мадрид е 24.000 евра, а рокот за плаќање е 90 дена.
Потсетување зошто Савиќ заработи таква казна:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА потврди – 26 наместо 23 играчи на ЕУРО 2024
Репрезентациите кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во Германија ќе имаат на располагање 26 играчи, потврди УЕФА.
Извршниот комитет на Европската фудбалска унија потврди дека е смнето правилото според кое селекторите на можеа да пријават 23 фудбалери.
Овој предлог беше поддржан претходно оваа година на состанокот на Националниот комитет за натпреварување на УЕФА.
Идејата за прв пат беше претставена на селекторскиот собир во Дизелдорф.
Оваа измена беше предложена поради згуснатиот распоред оваа сезона и ризикот од повреди.
Претставниците на Националниот натпреварувачки комитет во петокот и официјално го заверија сето она што беше претходно предложено, договорено и прифатено од мнозинството.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Спорт
Клоп се жали на распоредот: Криминал е ова што ни го прават
Пренатрупаниот распоред на натпревари го натера менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште еднаш да проговори на оваа тема. Германецот кој си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната застана во одбрана на своите играчи и рече дека само чека агенцијата за заштита на човековите права да интервенира во креирањето на распоредот.
„Распоредот е апсолутно луд. Не е нормално Ливерпул да игра натпревар во сабота во 12:30. Никогаш повеќе нема да ја гледам телевизијата ТНТ (го емитува овој натпревар). Мора да играме четврток, недела, среда и сабота во 12:30 часот ова што ни го прават е криминал“, изјави Клоп.
Ливерпул е тим со голем број навивачи ширум светот и затоа игра во посебни времиња, што е прилагодено на носителите на телевизиските права. Избраниците на Клоп доживеаја серија неуспеси, поради што речиси отпаднаа од трката за шампионската титула.
Спорт
Модриќ мора да се прифати два услови доколку сака да остане во Реал
Лука Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната и се уште не е познато каде ќе игра 38-годишниот играч за врска следната сезона. Желбата на Модриќ е да остане во Реал, но има голем број понуди од други клубови.
Капитенот на хрватската репрезентација го бараат Динамо, саудиски клубови, екипи од МЛС лигата, а се почесто се зборува и за интересот на Јувентус.
Карлос Карпио, новинар на „Марка“, откри дека Модриќ мора да прифати два услови доколку сака да остане во Реал. Мора да прифати да биде резерва и да прифати значително намалување на платата. Модриќ наводно заработува околу 20 милиони евра по сезона.
„Се сомневам дека ќе остане во Реал, но ако остане, тоа ќе биде со помала плата. Модриќ не прифати добро ниту една одлука на Анчелоти да биде резерва. Легендите никогаш не се послушни замени“, вели Карпио.
Модриќ сезонава забележа 40 настапи, два гола и шест асистенции. Хрватото во Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра.