Европа
Римски гробари на протест: Повеќе не можеме да се справиме со преполни мртовечници
Работниците на римските гробишта протестираа затоа што, како што велaт, повеќе не можат да се справат со пренатрупаните мртовечници, обвинувајќи ја владата дека не е во состојба да управува со пандемија на коронавирус.
Директорите на гробиштата велат дека 2.000 тела се натрупани само во римскиот крематориум, со капацитет од 50 лица на ден и дека другите гробишта се преполни.
Градската компанија за погреби претходно оваа недела објави дека се соочува со невидена ситуација и дава сè од себе за да обезбеди дополнителни 60.000 гробни места.
Според компанијата, од октомври 2020 до март 2021 година имало 4763 смртни случаи повеќе отколку во истиот период 2019/2020 година, а негативниот тренд продолжил и во април.
Досега, 116.000 луѓе починаа од Ковид-19 во Италија. Повеќето од нив се наоѓаат на северот на земјата, но во последно време сè повеќе луѓе умираат во централна и јужна Италија.
Демонстрантите положија венци пред Храмот Херкул, во близина на Градското собрание.
Политичарите од опозицијата велат дека таквата ситуација можела да се избегне доколку градските власти ги слушале предупредувањата уште во 2017 година дека треба да се модернизира и прошири крематориумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт
Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА.
Според портпаролот на аеродромската управа, пистите на најголемиот германски аеродром мора да бидат исчистени, додека намалената видливост дополнително го ограничува капацитетот на аеродромот. Процесот на одмрзнување на авионските крила се одвива подолго поради екстремните зимски услови.
Слични проблеми се забележани и на аеродромот во Штутгарт, каде што доцнења се пријавени поради истата причина. Досега таму се одложени седум летови, а пистата е исчистена и подготвена за употреба, потврди портпаролката на аеродромот.
На патниците им се препорачува да го проверат статусот на своите летови и, ако е потребно, да планираат дополнително време за пристигнување на аеродромите.
Европа
Русија изврши напад со дронови врз Украина
Русија изврши напад со беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта, при што загина еден цивил, а беа ранети четири лица во регионот на Киев, соопштија воени и регионални претставници. Украинската противвоздушна одбрана собори 60 од 93 руски беспилотни летала, објави военото воздухопловство.
Никола Калашњик, вршител на должноста гувернер на регионот Киев, изјави дека возач на камионот загинал од остатоците од дронот. Од остатоци од дронови оштетени се и неколку приватни куќи, при што се повредени четири лица, меѓу кои и едно 16-годишно момче, рече тој.
Воздухопловните сили соопштија дека руските беспилотни летала биле насочени кон девет украински региони во целата земја. Оштетени се станбени куќи и деловни објекти во областа Донецк на исток и Чернихив на север, соопшти армијата.
Европа
Маж од Чешка под дејство на дрога си го отсекол гениталниот орган, хирурзите му направиле нов
Лекари од Чешка му ги преобликувале гениталиите на 31-годишен маж откога под дејство на дрога си ги отсекол пенисот и двете уши. На улица бил пронајден со смрзнатини по што бил хоспитализиран во психијатриска болница, пренесува чешкиот портал „Иднес“.
По неколкумесечно закрепнување, лекарите извршија пластична операција под водство на хирургот Адам Бајус.
„Одвоивме парче ткиво од подлактницата, го обликувавме во форма на гениталиите и уринарните канали и ги поврзавме ситните крвни садови и нервите под микроскоп“, објасни Бајус.
„Акутната употреба на дрога ја наруши способноста на пациентот за контрола и за донесување одлуки. Тој не знаеше што прави во тоа време, но сега живее релативно нормален живот“, додаде психијатарот Јакуб Албрехт.
„Лекцијата е јасна, никогаш не знаеш што ќе ти направи дрогата и никогаш не знаеш што точно има во купеното. Не можеме сѐ да забраниме, но важна е превенцијата“, заклучи психијатарот. Пациентот наводно бил под дејство на марихуана и кратом, јави Радио Прага.