Црна хроника
Фатен крадец во Скопје, украдените пари ќе бидат вратени на сопственикот
Денеска околу 11 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје е приведен 31-годишен скопјанец, кратко откако бил пријавен дека украл паричник од женско лице.
Партизански одреди во Скопје украл паричник од Д.Т. Парите се пронајдени и ќе и бидат вратени на оштетената, а против Д.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Во текот на вчерашниот ден во полициските станици во Скопје, три лица пријавиле каснување од куче скитник.
На 07.01.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.Г.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 07.01.2025 во 14.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(39) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 07.01.2025 во 12.35 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Д.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсена жена од Турција на скопскиот аеродром, фалсификувала билет за лет до Истанбул и белгиски пасош
Вчера во 14.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода 32-годишната С.Д. од Република Турција, затоа што при контрола приложила фалсификуван он-лајн билет за лет Скопје – Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа.
Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
Црна хроника
Уапсен 40-годишник: ограбувал викендички во Радовиш
Вчера во село Подареш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 40-годишниот С.Ј. од село Подареш. Тој се сомничи дека на подрачјето на Радовиш извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во викенд куќи и помошен објект.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените дела. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците.
С.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.