Свет
Меган со порака се прости од принцот Филип

Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, не можеше да присуствува на погребот на војводата од Единбург, принцот Филип, заради напредната бременост, но нејзиното присуство секако се чувствуваше.
Taa напиша порака и внимателно го избра венецот за погребот на дедото на нејзиниот сопруг.
Пораката за венецот што војводата и војвотката од Сасекс ја оставија во капелата Сент Џорџ е напишана од Меган користејќи го своето знаење за калиграфијата, а таа погребот го гледала на телевизија од својата куќа во Калифорнија.
Лекарот ја советувал Маркл да не лета со авион, поради напредната бременост со второ дете на овој брачен пар.
Меган и Хари лично избраа цвеќиња од локален извор – вклучувајќи ги и Acanthus mollis (мечкини панталони или мека јаглика), национален цвет на Грција.
Венецот содржи и sвона за благодарност и вечна љубов, рузмарин во знак на сеќавање, лаванда како знак на посветеност, заедно со рози како знак за јуни – месецот на раѓање на Филип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Уставниот и институционалниот ред мора да се зачуваат на Мадагаскар

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека уставниот и институционалниот ред на Мадагаскар мора да се зачуваат.
Макрон, по самитот во Египет за примирјето во Појасот Газа, рече дека не може веднаш да ги потврди информациите од медиумите дека Франција му помогнала на претседателот на Мадагаскар, Андриј Раџоелина, да избега од земјата, објави „Ројтерс“.
Мадагаскар, земја со 30 милиони луѓе, од кои три четвртини живеат во сиромаштија, има бруто домашен производ по глава на жител кој се намалил за 45 проценти од независноста во 1960 до 2020 година, според податоците на Светската банка.
Оваа источноафриканска земја, која е најпозната по производството на најмногу ванила во светот, исто така извезува никел, кобалт, текстил и остриги, потсети „Ројтерс“.
Таканаречените протести од генерацијата „З“ почнаа минатиот месец поради недостиг на вода и електрична енергија, што доведе до судири со безбедносните сили во кои загинаа најмалку 22 лица.
Свет
Пентагон бара контрола врз објавите, новинарите предупредуваат на кршење на Првиот амандман

Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани.
Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот“.
Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мареј, оцени дека тие „ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман“. Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, истакна дека условите ги кршат правата на Американците „да знаат како се распределуваат воените ресурси“. А Ричард Стивенсон од „Њујорк тајмс“ предупреди дека новата политика „се заканува да ги казни новинарите за рутинско собирање информации“.
Министерот за одбрана Пит Хегсет одговори дека правилата само бараат новинарите „да носат видлива ознака“ и „да не поттикнуваат кривични дела“.
Свет
Трамп: Мелони може да биде инспирација за сите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ оддаде почит на италијанската премиерка Џорџија Мелони, велејќи дека таа може да биде „инспирација за сите“.
„Џорџија Мелони, големата премиерка на Италија, напиша нова книга. Џорџија работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша американскиот милијардер на својата социјална мрежа Truth Social.
Пораката на американскиот претседател беше илустрирана со фотографија од корицата на книгата на италијанската лидерка, која штотуку беше преведена на англиски јазик.
„Земете го вашиот примерок денес“, предложи Доналд Трамп.