Црна хроника
Кривична пријава за директорот на ендокринологија
Директорот на Клиниката за ендокринологија, Чедомир Димитриевски со наместени тендери изминативе три години заработил над сто илјади евра, соопшти финансиската полиција. Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената должност
Според кривичната пријава, директорот на Клиниката за ендрокринологија при скопскиот Универзитетски клинички центар,Чедомир Димитриовски од 2008 до 2009 г. на со необјавување на меѓународни тендери за набавка на инсулин ги фаворизирал домашните фармацевтски компании Реплек и Др. Пановски поради што добивал соодветен надомест од 98 илјади евра.Оваа година пак, Димитриовски наместо нов ехо апарат, на Клиниката и го продал својот стар ехо апарат по цена од шест илајди евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

