Црна хроника
Триесетдневен притвор за Хаџибулиќ и Лесковица
Истражен судија им одреди 30-дневен притвор на двајцата осомничени за убиството кај Универзална сала, Харун Хаџибулиќ и Јасмин Лесковица
Парафинската ракавица покажала дека триесет и четиригодишниот Мирсад Криешторац го убил Лесковица. На неговата рака биле пронајдени барутни честички.По информативниот разговор во полициската станица, каде по консултација со нивниот адвокат се бранеа со молчење, Хаџибулиќ со силно полициско обезбедување беше пренесен на Ургентниот центар. Се жалел на гадење и боли во стомакот.Распитот најпрвин започна за Лесковица, а потоа беше донесен Хаџибулиќ. Двајцата осомничени имаат дебело полициско досие. Пред само шест дена зеле рекет од бизнисмен. Претходно биле осудувани за насилство, убиство како и недозволено тргување со оружје. Убиството се случи понеделник на улица Партизанска во близина на Универзална сала околу 16.40 часот. Расправијата започна во влезот од една од зградите во изградба, каде осомничените требало да градат стриптиз бар. Раскинатото партнерство за стриптиз барот, неофицијално било причина за пресметката меѓу двете групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

