Црна хроника
Девојката што се фрли гола од зграда се бори за живот

Тетовката којашто се фрли од четврти кат зграда во неделата вечерта се бори за живот на скопските клиники, соопштуваат од СВР Тетово.
Според нивните информации, нејзината состојба се влошувала и најголем проблем биле повредите што ги здобила девојката на белите дробови.
Полицијата работи на расветлување на случајот и откривање на мотивите зошто се фрлила девојката и што се случило вечерта еден час по полноќ во стан во зграда на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Тетово.
Разговарано било со сопственикот на станот и со пријателот кој бил со деветнаесетгодишната девојка во станот, вечерта кога се фрлила.
Пријателот во полиција рекол дека девојката била под дејство на алкохол и некои таблети.
Но полицијата сé уште не разговарала со девојката поради нејзината тешка здравствена состојба.
Тетовката во неделата вечерта се фрли гола од четврти кат од зграда во Тетово. Случајот во тетовската полиција го пријавил граѓанин кој ја видел девојката. /крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.