Свет
Борел: Ситуацијата на границата со Украина е многу опасна
Ситуацијата на границата со Украина е многу опасна и ЕУ ја повикува Русија да ги повлече своите трупи од границата, изјави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, за време на видеоконференција пред состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ.
„Ќе разговараме за ситуацијата на украинската граница, каде што руските трупи се распоредени на воени вежби. Ова е многу опасна ситуација. Ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од границата со Русија“, рече Борел.
Министерот истакна дека тензиите во односите меѓу ЕУ и Русија растат во многу насоки.
Тој наведе дека на министерскиот состанок ќе се разговара и за протерувањето на чешките дипломати од Русија и случајот со Алексеј Навални.
Да потсетиме, тензиите започнаа на истокот на Украина кон крајот на февруари кога кршењето на примирјето стана зачестено, а бунтовниците изјавија дека вооружените сили на Украина користат артилерија при гранатирање. Едно дете загина во напад на украински дрон врз селото Александровско на 3 април. Самопрогласените републики сметаат дека Киев подготвува голема офанзива, анализираат медиумите во тој регион.
Во Москва, тие ја нарекоа моменталната состојба опасна, бидејќи граѓанска војна може повторно да се разгори во источна Украина. Како што истакна портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, во овие услови Русија презема мерки за да ја осигури својата безбедност. Тој додаде дека движењето на војниците на територијата на земјата не треба да вознемирува никого, бидејќи Москва не претставува закана за никого, потсетуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.