Црна хроника
(Видео) 916 казни за брзо возење на територијата на цела држава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/DSC_0011.jpg)
Казнети се 916 возачи за прекршување на сообраќајните правила, ова го соопшти Министерството за внатрешни работи по засилени полициски контроли на територијата на цела држава.
Од нив, 107 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Му дале овци да ги чува, тој ги продал и заработил милион денари: кривична против овчар од Куманово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/ovci.jpg)
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извести МВР.
„Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари“, соопшти МВР.
Црна хроника
Го натерале да се запали, па избегале, 24-годишен скопјанец со повреди пренесен на Клиника
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/87736028_684024489003385_2347012096106954752_n.jpg)
Денеска во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол 24-годишниот Б.А. од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од населба Ченто до Ќојлија, извести МВР.
Според пријавеното, лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина. Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден маж од Кочани при извршување работни задачи во фирма, известен е трудов инспектор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/1200px-Kocanigore.jpg)
Вчера во 11.00 часот во Полициска станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишниот С.Х. од Кочани, извести МВР.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во кочанско. Известен бил трудов инспектор и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.