Скопје
Во Скопје отворен кајакарскиот натпревар ИКАС 2016
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски во петокот вечерта свечено го прогласи 48-то по ред издание на Илинденски кајак-слалом – ИКАС 2016, свечено го отвори ИКАС 2016, една од најстарите и најквалитетните традиционални спортски манифестации во градот Скопје и во Македонија, на која годинава учествуваат натпреварувачи од петнаесетина европски земји.
„Ретки се ваквите манифестации, кои по својот квалитет и атрактивност, успеаја да го зачуваат континуитетот во привлекувањето на публиката, но и на исклучително квалитетните натпреварувачи од регионот и од Европа. Годинава сме домаќини на кајакарите од 15 европски држави, коишто и овојпат, со своите вештини и храброст, на скопската публика овие два дена ќе и овозможат викенд за паметење. Така беше и во 2014 година, кога Кајакарската федерација на Македонија и градот Скопје беа домаќини на една прекрасна манифестација – Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори, кога на патеката во Матка беа пријавени околу 400 кајакари од 30 европски држави“, истакна градоначалникот Трајановски во Музејот на македонската борба.
Првиот човек на македонска престолнина притоа искажа гордост од тоа што, како што рече, овој исклучително тежок и атрактивен спорт во нашата држава оди по нагорна линија, благодарејќи на успешната и упорна работа на Кајакарската федерација, во соработка со Агенцијата за спорт и млади и со Градот Скопје како покровител, во насока на промоцијата и афирмацијата на кајакарството
„Како и минатата година, така и овојпат, во рамки на ИКАС, на оваа патека повторно ќе се одржи десетдневен тренинг–камп, во кој ќе учествуваат околу 200 кајакари, а новост годинава ќе биде и Европскиот куп во спуст, исто така, во склопот на главната манифестација. Како градоначалник на градот домаќин кој ја поддржува и ќе ја поддржува оваа манифестација, искрено Ве поздравувам и Ви пожелувам добри резултати, добро дружење и забава, а в година да се видиме во уште поголем број.“, порача Трајановск.
Квалификационите натпревари за учесниците на ИКАС се одржаа во петокот и во саботата, а финалните натпревар се в недела.
Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ за љубителите на кајакот ќе организира бесплатен автобуски превоз во сабота и во недела, во 9 и во 11 часот од Скопје кон Матка и враќање во 16 и во 18 часот од Матка за Скопје./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар
Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината.
Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи Пешков“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“, како и на Кеј „13-ти Ноември“.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредите се наменети исклучиво за индикативни мерења и претставуваат значајна алатка за поддршка на инспекциските служби.

„Овие мерни единици не препознаваат гласови, туку ја мерат амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот. Со тоа овозможуваме побрза и поефикасна реакција на инспекциските служби и подобра заштита на јавниот ред и мир“, изјави Герасимовски.
Од општина Центар информираат дека податоците добиени од уредите за мерење на бучавата, служат како индикатор за дополнителна теренска контрола, а врз основа на нив не се покренуваат прекршочни постапки.
Инспекцијата за животна средина постапува согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, при што санкции се изрекуваат исклучиво врз основа на официјални мерења извршени од акредитирана лабораторија.

Согласно член 56 од Законот, прекршочните санкции се утврдуваат според големината на правниот субјект и изнесуваат од 6.000 до 7.000 евра за микро, од 13.000 до 14.000 евра за мали и од 37.000 до 41.000 евра за средни правни субјекти.
Уредите се користат со посебен фокус на бучавата која потекнува од угостителски објекти и сообраќајот, со цел унапредување на квалитетот на живот и заштита на јавниот мир на граѓаните во Центар, соопштуваат од Општината.

