Свет
Индија го собори светскиот рекорд по бројот на дневно заразени со коронавирус

Индија денеска забележа најголем број на новозаразени случаи со коронавирус во еден ден досега, и овој црн рекорд не се однесува само на најнаселената земја во светот, туку на целата планета од избувнувањето на пандемијата, затоа што се регистрирани 314.835 случаи, пренесуваат светските агенции.
Досега, според „Ројтерс“, најголемата бројка на заразени со Ковид-19 во еден ден изнесувала 297.430 лица во САД, иако сајтот „Ворлдметерс инфо“ од Вашингтон тврди дека на 8 јануари во САД биле заразени 307.851.
Бројот на починати во Индија претставува исто така рекорд, бидејќи починале 2.104 лица, така што вкупниот број на смртни случаи е 184.657, според податоците на Министерството за здравство, а 15,93 милиони жители на таа азиска земја се заразени од почетокот на пандемијата од Ковид-19.
Врховниот суд на Индија јавно ја критикуваше централната влада за лошото снабдување со кислород во болниците, а вчера бројот на починати беше поголем од 200 во Њу Делхи, објави Би-Би-Си.
„Ова е страшно. Ние сакаме да знаеме што прават во болниците во врска со снабдувањето со кислород низ целата земја”, прашаа судиите на Врховниот суд, откако проценија дека одговорноста на владата е да моли, да позајмува, па дури и да краде резерви на кислород доколку е потребно.
Во Индија е откриен и нов троен вид на коронавиурс во време кога земјата се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од почетокот на пандемијата и соборувајќи го светскиот негативен рекорд за бројот на пациенти.
Индиските научници претходно предупредуваа на двоен мутиран вид на коронавирус, а тројниот мутиран вид ќе предизвика само уште поголеми проблеми, објави лондонски Индепендент.
Во Јапонија пак владата се очекува да прогласи трета по ред вонредна состојба за префектурата Токио и уште три други западни префектури, што може да трае околу две недели, објавија денес јапонските медиуми.
„Владата размислува да воведе вонредна состојба од 25 април до 11 мај“, објавија јапонските новински агенции.
Некои аналитичари тврдат дека одлуката, која се очекува утре, ќе ја „турне“ Јапонија во рецесија доколку од трговците се побара да ги затворат своите продавници за време на празникот Златна недела, кој започнува следната недела и ќе трае до почетокот на мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако во изминатите недели имаше спекулации за тоа.
Трамп, кој постојано ја споменуваше можноста за трет мандат откако се врати во Белата куќа во јануари, ја отфрли таа можност, што е забрането со Уставот.
„Тоа не е она што се обидувам да го направам“, рече Трамп.
„Сакам да имам четири многу добри години, а потоа да се повлечам и да направам место за некој друг, идеално за одличен републиканец“, додаде Трамп, кој ги именуваше својот потпретседател Венс и државниот секретар Марко Рубио за потенцијални наследници.
„Ќе бидам претседател осум години, претседател со два мандата. Секогаш мислев дека тоа е важно“, рече Трамп во интервју за Ен-Би-Си – Њуз.
На прашањето дали на странците на американска почва треба да им се обезбеди фер судење, како што е предвидено во Уставот, републиканскиот милијардер рече дека не е адвокат и не знае.
Трамп ја стави борбата против нелегалната имиграција на прво место, зборувајќи за „инвазија на криминалци од странство“ и организирајќи полициски операции за нејзино спречување.
Свет
Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина

Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина во текот на ноќта, соопшти украинската војска.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека 80 од дроновите исчезнале од радарот, веројатно поради мерки за електронско војување преку кои тие биле пренасочени, или биле мамки што не носеле експлозиви.
Најмалку 11 лица се повредени во рускиот напад со беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта, во кој беа запалени неколку станбени згради во украинскиот главен град.
Меѓу повредените се двајца малолетници на возраст од 14 и 17 години.
Регионалниот гувернер на регионот Черкаси во централна Украина, Игор Табуретс рече дека во нападот со руски беспилотни летала доцна синоќа се предизвикани неколку пожари. Украинската служба за вонредни ситуации соопшти дека едно лице е повредено.
Регион
Сведоштво по страшната сообраќајка во Хрватска: „Се слушна силен тресок, врескање, а луѓето излегуваа низ прозорците“

Две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во страшната сообраќајка што се случи на автопатот А3 низ Хрватска вчера ноќта. На кобната несреќа, во која учествувале автобус и автомобил од Босна и Херцеговина, ѝ претходел „судир“ на автомобил голф и срна, која излетала на автопатот.
„Автомобилот налета на срна која истрча на патот. Возачот очигледно не можел да го придвижи автомобилот после тоа, но излегол на патот и мавнал кон другите автомобили за да ја намали брзината и да застане. Возачот на автобусот што доаѓал не застанал и удрил во тој автомобил, ја пробил заштитната ограда и се превртел и завршил во спротивен правец“, изјавил Мирослав Голуб од противпожарната служба, пренесува 24сата.
Очевидци раскажале за ГП Маљевац како изгледале застрашувачките моменти по судирот. “Тоа беше како на филм.
„Се слушна силен тресок, а потоа и врескање. Луѓето се обидуваа да излезат низ скршените стакла на автобусот. Возачот на автомобилот стоеше на страна и мавташе за да ги предупреди другите, но не успеа”, рекол сведок на хоророт на автопатот.