Свет
Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?
Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска доколку се трча во природа а во близина нема луѓе?
Како што доаѓа потопло време и процентот на вакцинирани граѓани постепено расте, сè повеќе Американци поставуваат вакви прашања, пишува Си-ен-ен.
„Ако сте вакцинирани, би рекол дека обично немате потреба да носите маска на отворено“, рече вчера д-р Санџај Гупта за Си-ен-ен, бидејќи, како што рече, познато е дека повеќето вирусни преноси не се случуваат на отворено.
Студија објавена во ноемвриското издание на журналот за заразни болести открива дека шансите за пренесување на вирусот се 18,7 пати поголеми во затворените простории отколку на отворено, а помалку од 10 проценти од испитуваните зарази со Ковид-19 се случиле на отворено.
Ношин Разани, еден од авторите на студијата и вонреден професор по епидемиологија и биостатистика на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, изјави дека реалниот број на случаи на пренесување на заразата на отворено е „веројатно помал“ од 10 проценти.
Тековните упатства од Центрите за контрола и превенција на болести на САД покажуваат дека можеби нема да бидат потребни маски на отворено: „Маските можеби не се потребни ако сте сами надвор, далеку од други луѓе или во друштво на луѓе што живеат во вашето домаќинство. Сепак, не постојат специфични упатства за вакцинираните лица“, велат експертите. Вчера директорот на ЦДЦ, д-р Рошел Валенски рече дека агенцијата размислува да ги ревидира упатствата за маските.
Како и кај повеќето дискусии за Ковид-19, доказите за тоа дали е препорачливо да се носат маски на отворено се двосмислени и треба да се засноваат на различни фактори, како што се статусот на вакцинација и стапката на пренесување на инфекцијата во општетсвото.
„Ако сте вакцинирани и не сте во ранлива категорија, веројатно не мора да носите маска на отворено“, рече Линси Мар, специјалист за пренос на вируси во воздухот од Вирџинија Тех.
На невакцинирани луѓе, Мар им препорачува маски вометеж и места каде што се собираат луѓе или решетки. „Ако не сте вакцинирани и постојано одите покрај луѓе толку блиску, можете да ги допирате решетките со рака, е тогаш треба да носите маска“, објасни Мар за Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

