Македонија
Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип
Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа.
Ова доаѓа откако претходно Пауновски одби да вработи 35 рамковни административци, бидејќи сметаше дека тие не исполнуваат услови согласно систематизацијата.
На ова, одговори Заев кој јавно му испрати порака и рече да не дава отпор. Пауновски отиде чекор понатаму и кажа дека е разочаран од изјавата на премиерот.
Премиерот Заев смета дека Пауновски со изјавите го понижил него, но и Артан Груби како прв вицепремиер.
„Секој ден да се препукувате со потпретседателот на Владата, гледам сега со претседателот на Владата, во време во кое живееме според мене е недозвоиво. Не очекувам да биде даден предлог за негово разрешување и тоа од Љупчо Николовски. Не можете да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените, за нешто што е толку транспаретно, воспоставено на одлични основи, искрени основи, за институциите да дадат одговор. Ако нема систематизирано место или не може да се систематизира, не мора да биде примено на работа и слично. Минаа месеци и години, се плаќаат луѓе за ништо. Самиот податок кој го имам, во ред е да го соопштам. 1349 се бројот на лицата, 1182 прифатиле распоредување, 38 одбиле, 13 одат на трансфер листа. Сите тие граѓани се наши граѓани. Земале плата, не работеле ништо. Секој ден да водите полемика со претседател на Влада, е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да функционира. Стојко Пауновски ми е пријател, но станува збор за принцип. Сметам дека има основа за негово разрешување. Очекувам службите да отворат постапка“, рече Заев.
Претходно, Пауновски објасни дека одбил вработување на рамковните административци бидејќи според систематизацијата на Државниот пазарен инспекторат, тие не ги исполнувале критериумите. Тој побара „рамковните“ кои и се доделени на институцијата со која раководи, да ги земе друга, каде ќе можат да работат според образованието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

