Црна хроника
Почнува повтореното судење за случајот Изгрев

Во Основниот суд 1 во Скопје за два часа ќе почне повторената судска постапка за случајот Изгрев за кој одговараат струшките браќа Миладнови
На струшките бизнисмени Димитар и Ѓорѓи Миладинови 20 месеци им се судеше за перење пари иамам со кредит околу хотелот Изгрев по што добија прво затворски казни од по 6 и пол години. Но пресврт во случајот се случи кога на седница на Апелациониот суд вишиот јавен обвинител побара укинување на пресудата и ослободување на браѓата поради немање докази, погрешно водена судска постапка и недокажано дело. Апелациониот суд уште истата вечер ги ослободи браќата од притвор. Со првата пресуда три стечајни судијки стечајна управничка која го водела предметот за хотелот и бизнисмен беа ослободени од обвинението. Кај нив судот не утврди одговорност . Службеничка од катастарот беше осудена условно. Двајца адвокати добија по 6 месеци затвор а нотар три. Фирмата на Миладинови чиј содружник е Македонската православна црква земала кредит од 6 милиони евра за реновирање на хотелот, мо парите биле употребени за други намени и не биле вратени на банките. Во текот на постапката Миладинови докажаа дека кредиот бил вратен .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.