Црна хроника
Два македонски државјана загинаа во сообраќајка во Србија
Двајца сопружници од Македонија загинаа во тешка сообраќајна несреќа, што се случила во понеделник вечер околу 20:40 во Грделичката клисура, во близина на Врање, потврдија за Макфакс, извори од македонското МНР
Министерството за надворешни работи во секој момент очекува информација за идентитетот на жртвите.Во тешката сообраќајка повредени се уште четворица странски државјани, двајца сопружници и дете од Полска и еден државјанин од Хрватска.Портпаролот на полициската управа во Врање, Драган Стаменковиќ рече дека несреќата се случила на излезот од тунелот „Манојло“ на автопатот Врање – Лесковац.„Во сообраќајната несреќа учествуваа два автомобили со странски регистрации и едно товарно возило со српска регистрација, а деталите ќе бидат познати по увидот кој е во тек“ рече Стаменковиќ.Во службата за прием и згрижување на ургентни случаи во Врање, дежурната лекарка за Бета изјави дека се примени четворица тешко повредени пациенти.„Тројца од нив се од Полска, се работи за сопружници со дете, а еден пациент е од Хрватска“ изјави лекарката, додавајќи дека и било најавено да очекува уште повредени пациенти.Во спасувањето на настраданите патници биле вклучени неколку екипи на итната служба од Врање, Грделица и Лесковац.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на син ѝ
Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

