Црна хроника
Гостиварец сексуално се изживувал врз децата и сопругата
Гостиварец од село Дебреше под закана со нож физички ги малтретирал сопругата и двете малолетни деца, пред кои се соблекувал и се изживувал, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи
Насилниот сопруг од гостиварско Дебреше кој ја претепал сопругата, заработил осумдневен притвор за семејно насилство. Мерката му ја изрекол истражниот судија од Основниот суд Гостивар по барање на основното јавно обвинителство, од каде пак ќе спроведат истражни дејствија за да ги утврдат околностите под кои се случувало претепувањето.Четириесет-годишната сопруга во полициската станица во Гостивар пријавила дека сопругот вчера и завчера под закана со нож ја малтретирал физички, при што и нанел видливи повреди по телото, грбот и нозете пред нивните малолетни деца. На децата им ставал перници на глава и се соблекувал и се изживувал врз сите нив. Тоа се случувало и претходно, но таа не го пријавила, се вели во соопштението.При претрес во домот на пријавениот, по наредба на истражен судија, полициските службеници пронашле и времено одзеле ловечки нож со сечило од 15 сантиметри со футрола и шест куршуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога
Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога.
Според информациите на МВР, вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсија И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот.
При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина жител на Кавадаречко, го прегазил трактор
Денеска во 09:00 часот во полиција е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт.
Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Македонија
Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот
Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство.
На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев.
Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.
Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.
Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.
По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.

