Спорт
Гигс нема да ги предводи Велшаните на Евро 2020
Велшката фудбалска асоцијација потврди дека нивниот селектор, легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, нема да го предводи тимот на Европското првенство ова лето откога денеска беше обвинет за напад на неговата поранешна девојка на крајот на 2020 за што може да добие петгодишна затворска казна.
„Велшката фудбалска асоцијација по одлуката на обвинителите да поведат обвинение против Рајан Гигс, може да потврди дека Роберт Пејџ ќе ја преземе улогата на селектор на тимот за Европското првенство ова лето, а негов помошник ќе биде Алберт Стујвенберг. Асоцијацијата нема да дава дополнителни коментари“, се вели во соопштението.
Пејџ го заменуваше Гигс по неговото апсење во ноември 2020 предводејќи го тимот до влегувањето во Лига А во Лигата на нациите и почетокот на квалификациите за СП во 2022 година.
Гигс играше во Манчестер јунајтед од 1990 до 2014 постигнувајќи 114 гола во 672 натпревара.
Рајан Гигс обвинет за напад на поранешната девојка, му се закануваат 5 години затвор
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почина Никола Пјетранѓели, легенда на италијанскиот тенис
Никола Пјетранџели, поранешен италијански тенисер, почина на 93-годишна возраст.
Двоен шампион во сингл на Ролан Гарос (1959, 1960), тој беше првиот Италијанец што освоил Гренд слем титула, а во текот на својата кариера крена 48 трофеи.
Беше селектор на тимот на Италија во Дејвис купот што ја освои „Салатара“ во 1976 година, по што ќе поминат речиси четири децении пред „Азурите“ со Јаник Синер да го повторат тој успех.
Тој е рекордер на тоа натпреварување со дури 164 натпревари, како и победи во сингл (78) и двојки (42). Неодамна изјави дека на неговиот наследник Синер ќе му бидат потребни неколку животи за да го сруши неговиот рекорд за најмногу настапи во Дејвис купот.
„На Синер ќе му требаат три или четири животи за да ги сруши сите мои рекорди. Особено затоа што имам еден што е ненадминат – 164 натпревари во Дејвис купот. Сакам да кажам дека тој е на вистинскиот пат, има само 23 години. Секако, со исклучок на бројот на одиграни натпревари. Тој не може да го достигне тоа“, рече Пјетранџели.
Тој е единствениот Италијанец кој беше вклучен во Куќата на славните на тенисот во 1986 година.
Од 2006 година, стадионот во комплексот Форо Италико го носи неговото име.
Спорт
Федерер: Тоа финале не требаше да го загубам
Роџер Федерер има изгубено 11 финалиња на Гренд слем турнирите, жали само за едно. Во интервју за швајцарскаиот весник „Tages-Anzeiger“, откри дека тоа не е финалето против Новак Ѓоковиќ во 2019 година, кога пропушти две меч топки. Инаку по тоа финале во 2019 година, Федерер никогаш повеќе не избори пласман во Гренд слем финале.
На прашањето кој меч би сакал повторно да го игра, сопственикот на 20-те најголеми пехари, одговори:
„Финалето на Отвореното првенство на САД во 2009 година против Хуан Мартин дел Потро. Требаше да го добијам тој меч, но на загревањето болката во грбот ми се врати и пропуштив многу можности. Требаше да го добијам тој натпревар“.
Делпо победи со 3:6, 7:6 (7:5), 4:6, 7:6 (7:4), 6:2, но тој неуспех имаше многу посериозни последици за кариерата на Федерер отколку што тој претпоставуваше тогаш.
„Овој пораз ја заврши мојата серија на Отвореното првенство на САД“ – објасни Швајцарецот, кој освои пет последователни титули во Њујорк пред тој натпревар, а ниедна потоа. Тој одигра само уште едно финале Флашинг Медоус подоцна во својата кариера. Го загуби од Ѓоковиќ во 2015 година.
Спорт
(Видео) Дончиќ е во врвна форма – Лејкерси славеа против Њу Орлеанс
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до нивната седма последователна победа во НБА лигата.
Лејкерс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 133:121, брилијантниот Словенец постигна 34 поени (20 во првата четвртина). На својот настап додаде 12 скока и седум асистенции.
За Лејкерс, ова беше 13-та победа во последните 15 натпревари. Дончиќ доби поддршка од Остин Ривс со 33 поени и осум асистенции и Деандре Ајтон со 22 поени и 12 скока. Леброн Џејмс синоќа паузираше поради болка во левото стапало. Џејмс играше само четири натпревари за Лејкерс оваа сезона поради закрепнување од повреда.
Во отсуство на Леброн, Дончиќ ја игра најдобрата сезона во кариерата. Тој е лидер во НБА лигата со просек од 35 поени по натпревар. Тој е и четвртиот асистент во лигата со 9,2 асистенции по натпревар. Синоќешниот натпревар против Пеликанс беше негов шести последователен натпревар во кој постигна 30 или повеќе поени.
„Езерџиите“ е на второто место во Западната конференција со сооднос победи-порази од 15:4.
Резултати:
Јута – Хјустон 101:129
/Бејли 19 – Шенгун 27/
Кливленд – Бостон 115:117
/Мобли 27 – Причард 42/
Филаделфија – Атланта 134:142 (115:115)
/Макси 44 – Џонсон 41/
Њујорк – Торонто 116:94
/Таунс 22 – Квикли 19/
Портланд – Окалхома 115:123
/Обадија 31 – Гилџес Александер 26/
Минесота – Сан Антонио 125:112
/Едвардс 32 – Фокс 25/

