Свет
Анкара: Изјавата на Бајден за геноцид врз Ерменците е срамна
Изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека масакрот врз Ерменците во Османлиската империја е геноцид е едноставно срамна и Турција во наредните месеци ќе одговори на различни начини, изјави денеска Ибрахим Калин, претставник на турскиот претседател.
По неколку децении балансирање на Белата куќа во коментарите за масовното убиство на Ерменци во текот на 1915 година, претседателот Бајден синоќа даде изјава во која страдањето на Ерменците го нарече геноцид, пренесува „Ројтерс“.
Калин не прецизираше дали Турција ќе го забрани пристапот на САД до воздухопловната база „Инџирлик“ во јужна Турција, која беше користена за да се обезбеди воздушна поддршка во вооружените акции преземени од меѓународните сили против Исламска држава во Сирија и Ирак, или пак станува збор за некоја друга возвратна мерка.
Турските власти брзо ја осудија вчерашната изјава на претседателот Бајден, а Калин најави дека претседателот на Турција, Ердоган, ќе зборува за овој случај утре, веднаш по владината седница.
Турција признава дека многу Ерменци кои живееле во Османлиската империја биле убиени во судири со царските сили во Првата светска војна, но негира дека убиствата биле вршени систематски и претставувале геноцид.
Синоќа Министерството за надворешни работи на Турција го повика американскиот амбасадор во земјата поради изјавата на претседателот Бајден и ја пренело острата реакција на официјална Анкара.
На состанокот било посочено дека изјавата на Бајден не е законски заснована и дека Анкара ја отфрла, смета дека е неприфатлива и остро ја осудува, а било нагласено и дека истата ќе предизвика „рана во билатералните односи што ќе биде тешко да се залечи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

