Црна хроника
Наместо во изолација, позитивен на Ковид-19 заминал во Германија, казнет е со 2.000 евра
27-годишен жител на Врапчиште, кому од 15 февруари со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација како лице позитивно на САРС-КОВ-2, на 17 февруари не бил затекнат во својот дом.
Полициските службеници, кои извршиле проверка, констатирале дека заминал во Германија.
Поради ова, Основното јавно обвинителство Гостивар поднело предлог за издавање казнен налог против ова и уште едно лице од истото место за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви според Кривичниот законик.
Според надлежните, вториот жител на Врапчиште, кој е на возраст од 42 години, не го почитувал полицискиот час и за време на важечката забрана се движел во Гостивар, без да поседува дозвола.
Јавниот обвинител му предложи на Основниот суд Гостивар за двете лица да определи парични казни од 100 дневни глоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач од тетовско, возел пијан во спротивна насока
Синоќа во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.
Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Скопјанец насилно турнал момче во багажниот простор од возилото и барал да му каже кој удирал со снежни топки: го нападнал и неговиот другар
Ноќеска во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице.
Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.
Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
За долг од 20.000 евра барале да им се исплатат 50.000: тројца скопјани со закани по живот изнудувале пари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“.
Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.

