Македонија
Заев: Целта на постапката против Пауновски е да се испрати порака дека законот мора да се почитува
Владата треба да донесе одлука дали ќе го разреши директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски. Премиерот Зоран Заев вели дека има плејада можност за тоа како да се постапи. Тој сака да ги разгледа и материјалите што му ги донеле пазарните инспектори, па да го каже конечниот став пред Владата. Вработените во Пазарна му кажале на Заев дека Пауновски е добар човек, но и дека го унапредил работењето на Инспекторатот.
„Ќе оставам Владата да си дебатира. Моите ставови ќе ги кажам на Владата, ќе ги кажам ставовите на Стојко Пауновски со кого во петокот стапив во контакт, ќе ги кажам сите аргументации за одговорно владеење, на воспоставен систем на ред и поредок, каде што треба да се спроведуваат законите. Според Етичкиот кодекс, имаме плејада можности како да постапиме, како за разрешување така и за останување. Важно е да се почитуваат законот и одлуките, да имаме ефикасност во работењето. Искрено, сакам кога ќе се вратам да ги прочитам материјалите што ги оставија инспекторите. Значајни материјали, кои сакам да ги прочитам, тоа ќе влијае на мојот став, а Владата ќе одлучува. Вчера имав став и го кажав јавно, денес, не дека се колебам, но имам почит кон овие административни вработени“, рече Заев.
Сепак, премиерот посочи дека целта на постапката против Пауновски е да се испрати пораката дека законот мора да се почитува. Објасни и дека телефонски разговарал со Пауновски во петокот.
„Дека бил добар човек, го унапредил работењето на Пазарниот инспекторат. Сфатив дека имаат колегијален однос, но и дека има одредени слабости што ги имаме и сите други. Приложија документи, сакам да ги видам за да се изјаснам. Коалицискиот партнер нема никакво барање за разрешување на Стојко Пауновски. Од 10 дена да се инаетите 7 дена не е дозволиво. Во четвртокот минатата недела не можев да го добијам. Следниот ден имав вратка од директорот. Стојко Пауновски е политички поставен за директор на Пазарниот инспекторат. Тој е еден од моите први партиски соработници. Ние имаме однос, не ни треба ништо посебно. Каква и да биде одлуката, соработката ќе продолжи. Во прашање е принципот“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

