Црна хроника
Глоби од 2.000 евра за двајца скопјани за непочитување на полицискиот час
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози од две илјади евра против две лица на возраст од 20 и 48 години поради непочитување на полицискиот час.
„Во одвоени настани на 29 и 30 март тие биле затекнати како се движат на разни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа, прекршувајќи ја забраната за движење на населението определена како мерка за спречување на коронавирусот“, се вели во соопштението.
Надлежните јавни обвинители предложиле Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени мажи во Струга и дебарско, возеле пијани, а дебарчанецот предизвикал и сообраќајна незгода
Ноќеска во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 33-годишниот П.П. од Дебар.
Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано е дека П.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител и по негова наредба, лицето е лишено од слобода.
Вчера во 15:20 часот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 50-годишниот С.М. од село Франгово, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен маж од Гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во Затвор Тетово
Вчера во 20:05 часот во село Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го приведоа 32-годишниот А.М. од село Врапчиште.
Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 190-а од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
Црна хроника
Уапсени двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти
Полицијата уапси две лица од Албанија осомничени за криумчарење мигранти.
Вчера околу 03:30 часот на излез од Гевгелија кон автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.Е.(27) и 22-годишната В.Е., двајцата од Република Албанија.
Имено, во наведеното време, полициските службеници забележале патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки кое се движело со голема брзина, а кое го управувал М.Е., а сопатничка била В.Е.. Возилото било запрено, а во негова близина биле пронајдени пет лица мигранти, од кои еден од Сирија и четири од Египет.
Возилото и мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицата се задржани во полициска станица. Во консултација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка.

