Црна хроника
Рачен фрлач и друго оружје најдени во Кондово
Поголемо количество на оружје било пронајдено во домот на еден жител на скопското село Кондово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи
По претходно добиени оперативно сознанија дека пријавениот во својот дом држи поголемо количество оружје, припадници на полицијата со претходно обезбедена судска наредба извршиле претрес во домот на М.Ф. во село Кондово. Притоа биле откриени и запленети: еден рачен фрлач, една мина за рачен фрлач, една рамка за автоматска пушка, две плетени капи- фантомки и еден тактички елек. „СВР Скопје до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 52. годишниот М.Ф. од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи““, се наведува во соопштението.Во средата при претрес во домот на шеесет и двегодишен скопјанец во село Грчец, полицијата пронајде три пиштоли, 81 куршум, една ловна пушка и 50 патрони, информираат од МВР.Пиштолот марка „Бровинг“ го набавил пред 20 години од Белгија, а двата пиштоли „М57“ ги има подолго време, околу 15 години, додека пак ловната пушка била сопственост на неговиот покоен татко кој ја поседувал со дозвола.Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава. Инаку, приведеното лице и било претходно познато на полицијата за извршување на кривично дело областа на крвните деликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

