Свет
Казахстан разви своја вакцина против Ковид-19
Светската здравствена организација (СЗО) очекува во наредните две недели да одлучи дали итно ќе ја одобри употребата на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошникот директор на таа агенција на Обединетите нации, Маријангела Галвао Симао.
Во меѓувреме светските медиуми јавуваат дека Казахстан започна вакцинација против коронавирус со сопствена вакцина „КазВак“, која е во третата фаза на клинички испитувања, а денес тоа беше единствената опција во трговските центри каде што се прави масовна имунизација.
„Ројтерс“ известува дека речиси милион луѓе, во оваа поранешна советска република со 19 милиони жители, веќе ја примиле руската вакцина „спутник В“, која Казахстан ја увезува и произведува во земјата.
Министерот за здравство, Алексеј Цои, ја прими првата доза на домашната вакцина и најави соработка со Турција за понатамошно развивање на производството.
Според државниот институт за истражување „Казвак“ во моментов е во фаза на трето клиничко испитување, кое ќе биде завршено до јули, а сите 222 лица кои учествуваа во првите две фази развија имунитет на Ковид-19, без пријавени поголеми несакани последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји-членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе кои се најдобри во професијата судии, пренесува Ројтерс.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.