Свет
Американски центар за превенција: Целосно вакцинираните можат да се вратат во нормала, не мора да носат маски
Целосно вакцинираните Американци можат да се вратат во нормален живот, тие повеќе не мора да носат маски на отворен простор, објави Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).
Но, според новите препораки, маските ќе мора да се носат во случаи кога има метеж и кога истиот не може да се избегне.
„Целосно вакцинираните луѓе наскоро може да се вратат во нормала“, рече Ксавиер Бекера, секретар на Одделот за здравство и социјална помош.
„Вие сте вакцинирани. И, погодете што? Можете да се вратите во нормален живот. Вие не сте вакцинирани, сè уште сте во опасност. Значи, вакцинирајте се”, изјави Бекера.
„Откако ќе се вакцинирате, можете да излезете надвор и не мора да носите маска“, додаде тој.
Но, тој даде и неколку спротивставени тврдења во својата презентација. Прашан директно дали вакцинираното лице може да престане да ја носи маската надвор, Бецера рече:
„Ние сакаме да се вратиме во нормалниот живот, сакаме да ја започнеме економијата, сакаме луѓето да се вратат на работа, да отвораат ресторани. Треба да се направи на вистински начин, а маските помагаат. Вакцините помагаат, но маските сепак се многу важни “, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.